Запознаен/а си со Еразмус + програмата? Сакаш да соработуваш со 40тина млади од 19 земји од Европа? Подготвен/a за младински тренинг за градење партнерства преку подобрување на Европски Волонтерски Сервис – протектите?
Како надополнуцање на минатиот ЕВС тренинг во Холандија, веќе постоечките партнери во ЕВС програмата организираат активност за запознавање со ЕВС/ЕСК програмата, работа со млади од НЕЕТ (млади (15-29) кои не се во образование, на работа или обука) категоријата и млади со помалку можности.
Главната цел на оваа размена е да се подобри квалитетот на ЕВС проектите во рамки на Rock Solid Foundation и преку јавни препораки да се подобрат овие проекти на интернационално ниво. Правејќи паралела од сите актери во ЕВС/ЕСК програмата ќе се аналицираат водичите за програмите и искуствата на организациите и ќе се направат препораки за подобрување на програмата.
Од 22 до 27 септември 2019 во местото Бант во северна Холандија ќе се одржи оваа активност каде 2 учесници од нашата земја ќе учествуваат. Доколку си заинтересиран/а, аплицирај на линкот до 04.08.2019 (23:59). Критериумите за учество на оваа активност се:
- Мотивацијата за учество
- Запознаеност со работата на Младите можат
Трошоците за пат (Северна Македонија – Холандија – Северна Македонија), сместување, храна и освежување се покриени од страна на организаторот. Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената.
Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација.
За дополнителни информации, слободно контактирајте не на [email protected].