Спремни за летна авантура во Холандија заедно со уште 50тина млади луѓе од цела Европа?
Младите можат е партнерска организација на Еразмус+ проектот “Back to basics”, организиран од страна на Cherry International Foundation, кој вклучува две активности:
– Advanced Planning Visit (APV) – средба за подготовка на младинска размена – од 24ти до 27ти мај, во Омен, Холандија
– Младинска размена “Back to Basics” – од 5ти до 20ти август, исто така во Омен, Холандија
Целта на проектот е 60 млади од различни земји (на возраст 15-21 година) од Европа да го развијат својот претприемачки дух и своите вештини и да се стекнат со едно прекрасно меѓународно искуство.
Отвораме повик за учесници на средбата за подготовка на размената и тоа за тим лидер на групата која ќе учествува на размената во август и за еден учесник. Тим лидерот и учесникот ќе имаат можност да учествуваат во целиот процес на подготовка на размената и се обврзани да учествуваат во двете активности на проектот (во мај и во август).
Целта на средбата за подготовка на размената е:
– да се дефинира како и за што да бидат подготвени националните групи пред размената
– да се креираат подготвителни активности и да се поделат обврски на националните групи
– да им се овозможи развој на тим лидерот и учесникот од секоја земја вештини за водење на тим
– да се креира заедничка платформа преку која понатаму ќе се подготви целата размена, ќе се споделуваат искуства и знаења
Датумите на одржување на средбата за подготовка се Од 24 до 27 мај, а локацијата е во близина на Омен, Холандија.
Начинот на аплицирање е со испраќање на апликациска форма на [email protected] не подоцна од 20ти април. Назнаката на пораката треба да биде: Application for APV-Back to Basics 2019
Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација.
Тренингот е финансиран од страна на Европската комисија од програмата Еразмус+. Организаторот на овој тренингот обезбедува рефундирање на патните трошоци (Македонија – Холандија – Македонија) до 275 евра. Сите останати трошоци се покриени од страна на организаторот (сместување, храна, освежување). По завшувањето на размената, учесниците ќе добијат YouthPass сертификат (сертификат за неформално образование и може да се искористи во CV, апликации за работа/ училишта/ факултети и слично.)
За дополнителни информации, слободно контактирајте не на [email protected].
*Повикот за сите учесници на размената во август ќе биде објавен дополнително после средбата за подготовка во мај.