Од 15 ти до 20ти октомври 2018 година во Европскиот младински центар на Советот на Европа во Будимпешта, Унгарија, се одржа студиска сесија на тема “Отстранување на бариерите за граѓанско општество на младите за организирање и учество – Улогата на младинските совети за развој на младински политики”.
На настанот присуствуваа учесници од младинските совети на Србија, Латвија, Словенија, Турција, Азербејџан, Македонија, Украина, Романија, како и претставници на организации кои се директно поврзани со човековите права, меѓународните платформи и мрежи.
Беа дискутирани главните задачи, цели и улоги на секоја организација, а четири од нив беа селектирани како најважни:
- Нивната улога како посредник меѓу младите и институциите;
- Нивната улога како претставник на младинската заедница пред властите;
- Нивната цел за зајакнување на капацитетот на членството и волонтерите;
- Процесот на консултирање и вклучување на младите.
Проблем со кој учесниците беа запознаени беше намалувањето на граѓанските простори. “Цивилен простор” значи “политичко, законодавно, социјално и економско опкружување кое им овозможува на граѓаните да се собираат, да ги споделат своите интереси и грижи и да дејствуваат индивидуално и колективно за да влијаат и да ги обликуваат своите политики.” Граѓанскиот простор ги охрабрува младите да дејствуваат и заеднички да придонесуваат кон позитивни општествени промени . ”
Како експерти на оваа тема беа поканети предавачи од Универзитетот во Љубљана – проф. Д-р Tomaž Deželan и Mitja Sadroc, кои ги презентираа заклучоците и податоците добиени од нивното најново направено истражување на оваа тема помеѓу младите во Европа. Податоците презентирани од истражувањето ги покажуваат предизвиците што се најчести меѓу организациите и како истите се справуваат со овие предизвници.
Друг говорник кој зборуваше за намалувањето на цивилните простори беше Ville Majamaa, член на Управниот одбор на Европскиот младински форум. Тој претстави практични начини како органзациите да се справат со предизвиците кои ги имаат во поглед на намалувањето на граѓанскиот простор. Исто така, сподели различни процеси од ОН, Советот на Европа и Европската унија, во кои младинските совети и организации можат да бидат вклучени и да влијаат врз политиките поврзани со младите на национално ниво.
Од групната работа по состаноците со експерти, учесниците излегоа со 5 најчести проблеми кои организации ги имаат. Тие беа поврзани со некои делови од студијата спроведена од професорите на Универзитетот во Љубљана. Петте прашања се следните:
- Недостиг на признавање од страна на властите
- Неефективна комуникација помеѓу членовите
- Недостаток на мотивација кај младите за вклучување во активности на организациите
- Недостаток на мотивација во Одборот и телата на организациите
- Преклопувања во репрезентативноста помеѓу организациите и младинските совети
На оваа студиска сесија претставник на Младите можат беше Анита Николовска – Извршен Директор на организацијата.