Живеење без отпад не е само стил на живеење, туку тоа претставува филозофија на живеењето.
Што значи тоа? – Користење на производи кои би биле реупотребувани, би биле долготрајни и би се рециклирале, како и купување на производи кои би ги задоволиле нашите основни потреби.
Тимот на ViridiQ на 15.06 (недела) ја реализираше идејата за настан посветен на животниот стил без отпад со која победи на натпреварот Ослободи ја идејата. На нивната три-сегментна работилница ученсиците и посетителите научија како подобро да делуваат за намалувањето на отпадот, научија како подобро да се справат со истиот и учествуваа на размена на книги, облека и накит. Дополнително, се запознаа со еколошки свесни луѓе и со можностите кои тие ги нудат во нашиот град. За ова, би сакале да се заблагодариме на Копче / Kopche, Andrijana Papikj Mancheva (Od nula do nula – Од нула до нула) и Еко-велосипедист што присуствуваа и придонесоа кон поголема успешност на овој настан. Покрај информативниот момент, кај учесниците се разви и натпреварувачки дух со играта и предизвиците кои ViridiQ ги подготвија за нив. Тие се забавуваа и се мотивираа да преземат чекори кон живеење со помалку отпад и си добија starter pack кој ќе им помогне дополнително во тоа.
Младите можат им се заблагодарува и на Нула Отпад ДОО Скопје, Vitalia Healthy food, GORSKA VODA, Bella и Град Скопје за поддршката која ја дадоа за реализација на овој настан.
Натпреварот Ослободи ја идејата на кој идејата за овој настан победи е дел од тековниот проект на Младите можат, „Академија за младински активизам“, поддржан од германската фондација Schüler Helfen Leben.