Запознаен/а си со Еразмус + програмата? Сакаш да соработуваш со 40тина млади од 19 земји од Европа? Подготвен/a за младински тренинг за градење партнерства преку подобрување на Европски Волонтерски Сервис – протектите?

Отвораме повик за учесници на активност за градење партнерства со млади и организации од 19 земји од Европа. Младите можат, партнер на Rock Solid Foundation, ќе испрати свои претставници на Активност за Градење Партнерства.

Целта на размената е да се подобри квалитетот на ЕВС програмата и да се подобрат партнерствата во ЕВС проектите. Дополнително, ќе се дискутираат улогите во ЕВС проектите. Што треба да се направи од секоја од улогите? Кои се точните правила на волонтирање, организацијата домаќин и слично.

Периодот на активноста ќе биде од 25 јуни до 05 јули во Bant, Холандија. Сите трошоци за сместување, храна и освежување се покриени од организаторот. Патните трошоци во висина од 275 евра ќе бидат рефундирани.

Начин на пријавување: Пополнување на апликациски формулар кој можете да го најдете на следниот линк. Пријавувањето е до 20.05.2018 до 20:05 часот.

Одбраните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација. Како да станете активен член на Младите можат може да прочитате на овој линк.