Иницијативната група „Hack the Mental Health Stigma“ продолжува со интензивно темпо да ја „хакира“ и решава стигмата околу менталното здравје. Овој пат, преку конкурс и уметнички творби, заедно со нашите поддржувачи решивме да допреме до теми за кои сѐ уште се збори како да се табу теми.
По завршивањето на рокот за аплицирање на конкурсот за уметнички творби „Хакирај-Превенирај!“, со неизмерно задоволство ги споделуваме есеите!
Есеите се подредени по азбучен ред. Уживајте 🙂
„Анксиозност и депресија Како да излезеш од затворот на сопствениот ум?“ – Емилија Анчевска
„Анкциозност, Депресија и Насилство“ – Фросина Димоска
„Врсничко насилство – булинг“ – Ангела Петрушевска
„Менталното здравје во нашето секојдневие“ – Рената Пенчова
„Посета на психолог во Македонија. Слобода или табу?“ – Бојана Петрова
„Хакирај-превенирај!“ – Клементина Аврамовиќ
„Хакирај-превенирај!“ – Марко Велковски
„Човек машина“ – Филип Петровски
Оваа акција е спроведена од тимот ентузијасти на Hack the Mental Health Stigma. Ние сме младинска иницијатива произлезена од проектот „Младински лидерски иницијативи 3“, имплементиран од Youth Can – Младите Можат, а поддржан од Национален младински совет на Швајцарија. Нашата цел е да ја покренеме свеста за важноста на менталното здравје и сериозноста на последиците од сите видови насилство.
Следете нѐ на социјалните мрежи! Следуваат слични кул активности!