Младите можат, заедно со Друштво за управување со отпад – Нула отпад, го одбележува светскиот ден на батеријата, 18ти февруари.
За таа цел во Младите можат ќе се формира Еко-патрола составена од 10 волонтери. Задачата на волонтерите ќе биде да ги посетат сите локации во Скопје на кои има канти за батерии на Нула Отпад и да извршат проверка на состојбата на истите. По посетата, тие доставуваат извештаи до координаторот за на крај да се сумира и евалуира состојбата на кантите за батерии во Скопје, а со тоа и да се увиди степенот на еколошка свесност кај граѓаните за селектирање на батерии.
За ангажманот, кој би траел од 8ми до 13ти февруари, волонтерите ќе добијат симболичен паричен надоместок.
Согласно локациите кои треба да бидат посетени, потребни се волонтери од следните општини/места на живеење:
– Гази Баба/Чаир – 1 волонтер
– Аеродром/Кисела Вода – 2 волонтери
– Козле/Тафталиџе – 1 волонтер
– Карпош/Ѓорче – 3 волонтери
– Центар – 3 волонтери
Доколку сте заинтересирани да бидете дел од Еко-патролата, можете да аплицирате на овој линк најдоцна до вторник (06ти февруари), 17:00 часот. Принципот на избор на волонтерите ќе биде „прв пријавен – прв услужен“, но сепак предност ќе имаат активните членови на Младите можат.
Оваа година посакуваме на сите млади да бидат повеќе свесни за животната средина и да преземаат акции за заштита на истата!
За повеќе информации обратете се на [email protected], [email protected], или на Еко-линијата 070 236 000.