Во периодот од јануари до април 2016 со подршка од Националниот младински совет на
Македонија, по иницијатива на 5 млади од Младите Можат беше спроведена иницијатива
против проблем кој е често одбегнуван во нашето општество- психофизичкото насилство
помеѓу средношколците и превенција од истото. Целта на овој проект беше подигање на
свеста на средношколците за овој проблем како и изнаоѓање начини за негово искоренување.
За постигнување на својата цел Младите Можат склучија партнерство со СОУ,, Јосип Броз Титo’’
– Битола,СУГС ,,Никола Карев”- Скопје и ЗГА Форум 16- Битола.

 

За решавање на овој проблем младите најпрво спроведоа анкета да дознаат колку средношколците се запознаени со поимот психофизичко насилство како и за тоа колку се тие
свесни за постоењето на овој проблем. По сумирањето на резултатите беа спроведени социјални експерименти за тоа како средношколците реагираат во случај на психо-физичко насилство.

20 средношколци од Скопје и Битола имаа можност да присуствуваат на обука за подигање на
свеста за овој проблем како и за тоа кои се улогите при ваков проблем и како да се превенира
истиот.


Како последна активност од овој проект беше спроведена јавна дебата на која присуствуваа
средношколец, педагог- професор и психолог каде тие ги споделија своите искуства а воедно
се дискутираше и за застапеноста на овој проблем во медиумите како и последниците кои ги
носи со себе овој проблем.
Заклучоците од настанот беа споделени во медиумите за запознавање на јавноста со
мислењата на младите околу овој проблем како и поттикнување на една тема на која што
треба уште долго да се работи.