Имаш фиксен месечен џепарлак, или можби работиш и имаш свои лични примања, но некако секој месец завршуваш со помалку пари од што си планирал/а? Сакаш да заштедиш за летен одмор, но не можеш ни на месечно ниво да одвоиш пари за се што ти треба? Или можби супер ти оди со штедењето, но не можеш да се одлучиш во што да ги инвестираш заштедените пари? Дали некогаш некој те поучил како да ги менаџираш твоите лични финансии?

Look no more, тука сме со супер програма за финансиска писменост. Програма која ќе те научи како да ги менаџираш твоите лични финансии, како да носиш лични финансиски одлуки, за штедењето наспроти трошењето, како функционираат кредитите, што претставува инвестирањето, и како ти влијаат рекламите на твоите одлуки за трошење.

Што може да очекуваш од програмата?

  • Дводневна обука во 6 модули, специфично наменета за финансиско описменување на млади.
  • Организирање и можност за учество на дополните работилници и настани кои ќе произлезат како потреба од самата обука.
  • Стекнување на вештини за комфорно да го започнеш или продолжиш твојот самостоен и независен живот.

Критериуми за пријавување:

  • Да си млад човек на возраст од 17 до 29 години;
  • Да имаш ентузијазам да ја подобриш твојата финансиска состојба;
  • Да имаш желба постојано да се надоградуваш и растеш.

Програмата ќе се одвива на 11.05.2022 и 12.05.2022 од 15:00 до 19:00.

Начин на аплицирање: Со пополнување на апликациска форма којашто се наоѓа на линкот подолу, најдоцна до 09.05.2022г. (23.59 часот).

Пријави се за програмата