Дали младите се фокус во програмите на кандидатите за градоначалници за град Скопје? Кои конкретни мерки и политики ги предвидуваат за младите? Дали постои истражување кое ги покажува реалните потреби на младите?

Веруваме дека имате многу прашања кои се уште не ви се одговорени. Веруваме дека имате потреби во рамки на вашата заедница кои се уште не се задоволени. Веруваме дека имате ветувања кои се уште не се исполнети. Веруваме дека знаете што е тоа што ви треба вам како млада личност.

За да добиете одговор на сите прашања, и за да прашате се што сакате, Ве покануваме на јавна расправа на тема: Какви мерки и политики за млади во своите програми предвидуваат кандидатите за градоначалници за град Скопје на локалните избори 2021?

Говорници на настанот ќе бидат кандидатите за градоначалници за град Скопје на локалните избори 2021

Детали за настанот:

????23 Септември

⌛11:00-12:30 ч.

????Рагуза 360

Поради ограничениот број на учесници согласно мерките за справување со Ковид-19, Ве молиме да се пријавите на следниот линк https://forms.gle/BoMuLAEhTZfAHrnL6

На учесниците кои доаѓаат од другите градови ќе им бидат покриени патните трошоци доколку уредно ги сочуваат и ни ги достават доказите за превоз.

Јавната расправа е дел од „Поддршка на изборните реформи“ проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

*При организирање на настанот ќе бидат запазени сите заштитни мерки и насоки усвоени од Владата на Република Северна Македонија. Задолжително приложување на сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид во изминатите 45 дена.