1. Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на надворешен соработник – Сметководител за потребите на проектот “All for You(th), финансиран од Европската комисија”. На овој повик може во улога на апликанти може да се јават индивидуи сметководители или сметководствени агенции. Ангажманот е со времетраење до крајот на 2022година.
2. Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:
• Прием на сметководствени документи за книжење влезно–излезна документација
• Дневна контрола на книжењето на трансакциите
• Подготвување на извештаи и поднесоци до Институциите.
• Пресметка на плати за вработени
• Комплетно водење на материјално книговодство
• Евидентирање и контрола на побарувања, уплати и наплата
• Подготовка и потпишување на завршна сметка
Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
3. Потребни квалификации
• Завршено високо образование
• Над 5 години работно искуство во Сметководство
• Овластување од ИСОС за Овластен Сметководител
• Одлични комуникациски вештини на македонски и англиски;
• Познавање на работа со софтвери за сметководство и финансиско менаџирање
4. Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:
• Кратка биографија на експертот/ката
• Финансиска понуда
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за сметководител. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 04ти февруари 2022г., 23:59.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]