1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на тренер/и за програма за личен развој и претприемништво за потребите на проектот “HOBBYZ – Hobby to business, финансиран од Европската комисија”. На овој повик во улога на апликанти може да се јават индивидуи, групи или асоцијации. Ангажманот е со времетраење од два месеци (Април-Мај 2022).

Во рамките на активноста , Младите можат има потреба од ангажирање на:

  • Еден тренер за одржување на осумчасовен модул на обуки на тема „Вовед во младинско претприемништво-Развивање на лични и претприемачки вештини “
  • Еден тренер за одржување на осумчасовен модул на обуки на тема „Маркетинг и комуникација-Како до поголема видливост на бизнисот?“
  • Еден тренер за одржување на осумчасовен модул на обуки на тема „Финансии-менаџирање на финансии “
  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик тренерот/ите треба да ги спроведе/ат следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на нацрт програма за обука на соодветната тема;
  • Подготовка на агенда за тренингот;
  • Спроведување на тренинг за 30 млади во Скопје;
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати.

Тренерот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 2-годишно работно исксутво во областа за соодветната тема;
  • Искуство со држење на обуки и работилници за млади;
  • Искуство во креирање на програми за обука на млади;
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на тренерот
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за тренер за програма за личен развој и претприемништво. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 8ми февруари 2022г., 23:59.

Процедура за избор: Младите можат ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во концептот, понудената цена и искуството на понудувачот. Младите можат го задржува правото да избере една или неколку понуди целосно или делумно или да не одбере ниту една од понудите. Младите можат се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]