1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува јавен повик за ангажирање на тренер/и за обука на средношколци за Програмата за кариерно советување на средношколци во рамки на проектот “All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Обуката е наменета за средношколци од прва до четврта година средно гимназиско и стручно образование и треба да се одржи согласно потребите на веќе подготвената програма за кариерно советување.

Обуките се очекуваат да започнат во текот на месец Септември. Обуките ќе бидат наменети за средношколци од средните (гимназиско/стручно) училишта од општина Битола. Планирано е обуките да се спроведуваат во живо, во општина Битола.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик тренерот/е треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на агенда најдоцна 7 дена пред одржување на обуката;
  • Спроведување на тренинг во 3 модули за средношколци од прва до четврта година;
  • Следење на имплементацијата на програмата во училиштата во почетните месеци;
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати
  • Тренерот/тимот на тренери треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 5-годишно релевантно работно искуство во областа на кариерното советување;
  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во држење на обуки и работилници;
  • Искуство во креирање на програми за обука;
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за средношколци;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на тренерот/рите
  • Финансиска понуда

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за тренер/и за обука на средношколци во рамки на Програмата за кариерно советување на ученици во средните училишта. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 04.09.2023г., 23:59.

За да добиете увид во програмата и/или прашања во врска со истата обратете се на [email protected]