- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на тренер/и за програма за развивање на критичко размислување и подготовка на истражувачки стории кај младите, за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија.
Тренерот се очекува да почне со работа од месец април 2023 г. а целиот ангажман завршува на крајот од месец септември 2023 г.
- Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик тренерот/ите треба да ги спроведе/ат следните работни задачи:
- Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
- Подготовка на нацрт програма за обука за развивање на критичко размислување кај младите;
- Спроведување на тренинг за 20 млади во Скопје;
- Обезбедување на менторска поддршка за време на подговувањето на младинските истражувачки стории
- Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати.
Тренерот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
- Потребни квалификации
- Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство со држење на обуки и работилници за млади;
- Искуство во креирање на програми за обука на млади;
- Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проекти);
- Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на тренерот/рите
- Финансиска понуда
- Методологија за работа
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за на тренер/и за програма за развивање на критичко размислување кај младите. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 11ти април 2023г., 15:00ч.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]