- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на надворешен соработник – снимател и едитор на видеа и креатор на дизајни за промоција, за потребите на настанот „Мотивациски ден“ кој се реализира во рамки на проектот „Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Stella Network, со финансиска поддршка од страна на Британската амбасада во Скопје. Целта на проектот е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво. На овој повик се поканети да учествуваат физички или правни лица, индивидуално или во тим, професионалци во областа на снимање, едитирање на видеа и креирање на дизајни за промоција
- Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик соработникот/чката треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Креирање на дизајни за промоција на настанот за социјални медиуми
- Креирање на дизајни за печатени материјали за промоција на настанот
- Снимање и едитирање на 4 кратки видео во форма на reel, за промоција на секоја говорничка посебно која ќе има свој инспиративен говор на настанот
- Снимање и едитирање на 1 кратко видео во форма на reel, за промоција на малите бизниси кои ќе имаат изложено свои производи на базарот
- Соработникот/чката треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи
- Потребни квалификации
- Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во снимање и едитирање на видеа и креирање на промотивни дизајни;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на соработникот/соработничката
- Финансиска понуда
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за Мотивациски ден.
Рок на аплицирање: 10 септември 2023г., 23:59.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]