1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на графички дизајнер за потребите на проектот “Училиштен форум за заеднички решенија”.

Експертот се очекува да почне со работа од 15.11.2023 г. а целиот ангажман завршува до 31.12.2023г

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:

  1. Подготовка на визуелен идентитет на проектот;
  2. Подготовка на вижуалии за објавување на социјални мрежи (постери, повици, рамки за фотографии и сл.)
  3. Подоготвка на материјали за печатење

 

  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во дизајнирање на материјали
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Работно портфолио
  • Финансиска понуда

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за графички дизајнер. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 01 ноември 2023г., 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]