1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на надворешен соработник – истражувач/истражувачка компанија/организација за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Во рамките на проектот ќе се спроведе сеопфатно истражување за услугите кои ги добиваат младите за негување на нивното ментално здравје во средните училишта на територија на Република Северна Македонија.

Целта на истражувањето е преку анализа на моменталните законски рамки и политики, онлајн анкети, специјализирани прашалници со психотерапевти и фокус групи да се идентификуваат состојбите во кои се наоѓаат младите луѓе при пристапот до услугите за негување на менталното здравје во средните училишта.

Истражувачот се очекува да почне со работа од 15ти февруари 2022 г. а целиот ангажман трае до 31ви март 2022 г.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик истражувачот/истражувачката компанија треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Изработка на методологија за истражување спроведено во сите 8 плански региони на Република Северна Македонија;
  • Подготовка на прашалник за онлајн анкети;
  • Подготовка на специјализиран прашалник за психотерапевти;
  • Подготовка на прашалник за фокус групи;
  • Обезбедување на модератори за спроведување на фокус групите во сите 8 плански региони;
  • Статистичка анализа и подготовка на заклучоци од добиените податоци од анкетите;
  • Статистичка анализа и подготовка на заклучоци од добиените податоци од специјализираните прашалници;
  • Статистичка анализа и подготовка на заклучоци од добиените податоци од фокус групите;
  • Сумирање на добиените резултати и заклучоци во форма на публикација;
  • Подготовка и доставување на финален извештај за завршената работа со проектниот тим.
  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во спроведување на истражувања и анализи на податоци;
  • Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проекти);
  • Високо развиени аналитички вештини;
  • Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на експертот или компанијата/организацијата;
  • Кратка биографија на модераторите на фокус групите;
  • Предлог методологија за работа;
  • Финансиска понуда.

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за ангажирање на надворешен соработник – истражувач/истражувачка компанија за потребите на проектот „All for You(th)“. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 20ти февруари 2022г., 23:59.

Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]