- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање експертска група за креирање на програма за градење на капацитети на кариерни советници и наставници за потребите на проектот “All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Програмата за градење на капацитети ќе биде наменета за наставници, училишни служби и кариерни советници и се очекува програмата да се пилотира до крај на 2022 година, а да биде целосно усвоена и имплементирана до крај на 2025. На овој повик во улога на апликанти може да се јават индивидуи, групи или асоцијации. Експертската група која ќе аплицира или ќе биде составена, мора да биде од двајца експерти. Ангажманот е со времетраење до крајот на 2022година.
- Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот проект);
- Подготовка на нацрт програма за кариерно насочување (февруари-март);
- Организирање на консултативни средби со други засегнати страни (претставници од МОН, психолози, социјални работници и слично) (април);
- Собирање, анализирање и преработка на коментари и препораки (април-јули);
- Подготовка на финална верзија од програмата за кариерно насочување (април-јули);
- Пилотирање на програмата (август-декември)
Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
- Потребни квалификации
- Завршено високо образование;
- Над 5 години работно искуство во областа на кариерно насочување;
- Искуство во креирање на образовни програми;
- Овластување или некој друг вид на сертификат за кариерен советник;
- Одлични комуникациски вештини на македонски и англиски;
- Познавање на работа со млади во насока на кариерно насочување
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на експертот/ката
- Финансиска понуда
- Методологија за работа
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за експертска група за креирање на програма за градење на капацитети на кариерни советници и наставници. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 20ти февруари 2022г., 23:59.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]