Во последно време забележавме тренд на опаѓање на мотивацијата кај младите. Младите во се помал број се ангажираат во активности надвор од училиштата, се чувствуваат „изгубено“ во однос на своите пасии и не се доволно запознаени со можностите кои ги имаат пред себе.
Поради овие причини проектот има за цел да ги вклучи младите да се мотивирааат и да станат проактивни членови во академските кругови и вон школските активности. Притоа идејата е да се промовираат проактивноста и иницијативноста како позитивни карактеристики на еден ученик и како дополнителни производи на социјализацијата во рамките на едукацијата.
ПРОактив како тим, до сега има реализирано една работилница насловена „Каде во Новата Година?“. На овој настан учествуваше мотивацискиот говорник Славко Саздовски, кој е менаџер на Кроација Академија и обучувач во рамките на најголемата осигурителна компанија Кроација Осигурување. Целта беше на еден поинаков и интересен начин да се научат младите за мотивацијата како корисен концепт во образованието и кариерниот пат.
“Пред да успеам…..” е вториот настан организиран од тимот ПРОактив. Целта на овој настан е учество на средношколците на работилницата, споделени искуства од средношколските денови, споделени искуства од врсниците, мотивација и инспирација од приказните на говорниците. Ќе учествуваат неколку говорници кои се едни од најинтересните и најистакнатите личности во своите области.
Последниот настан од овој проект ќе има за цел да ги информира младите за мотивацијата од психолошки аспект и можностите и бенефициите кои ги носи проактивноста, како и да обезбеди конкретни информации и начини за мотивирање и започнување на позитивни промени. Исто така, ќе бидат споделени ставовите кон мотивацијата на младите, добиени од тековната анкета која можете да ја пополните на следниов линк.
Доколку сакате да бидете дел од вакви настани, можете да ги следите социјалните мрежи на Младите Можат, и да се информирате за настаните кои следат.