Благодарение на општествена одговорност на 195 млади и 60 компании за време на Social Day 2023 креиравме фонд од 250 илјади денари којшто беше искористен во Групниот дом во Капиштец при Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение.
Истиот доби просторија којашто е значителна за развој и одржување на ментално и физичко здравје како и за социјализирање и продуктивно поминување на време. Во денешната дигитална ера, самотијата и недостатокот од физичка активност се честа појава. Катчиња како ова, се особено значајни за спречување на негативните последници од прекумерениот недостаток на физичка активност како и за олеснување на околностите за спијателување или фокусирање.
Пресреќни сме што имавме можност да реализираме ваква иницијатива и да создадеме катче наменето за ментална и спортска рекреација, кое ќе овозможи млади луѓе да станат ментално и физички поактивни, поспособни и поамбициозни. Сакаме да кажеме едно огромно БЛАГОДАРАМ до сите компании, мали и поголеми бизниси, организации, средношколци, студенти, средни училишта и факултети; кои беа дел од оваа успешна приказна. Social Day продолжува од година во година да ја реализира својата мисија токму поради вас.