Извршната канцеларија на Младите можат е во потрага по нов млад ентузијаст кој е подготвен дa работи во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енергија.
Доколку си подготвен/а да работиш на својот личен развој и дополнително да ги развиваш своите вештини преку принципот на “learning by doing“ – ова е одлична можност за тебе! Те повикуваме да бидеш дел од атмосфера на постојано учење, надоградување, но и стакнување нови пријатели и колеги. Биди дел од тимот кој верува во моќта на младите да бидат катализатори на позитивни промени во општеството. Но, за да го постигнеме она во кое веруваме потребни ни се посветеност, истрајност, прилагодливост и самоиницијативност како дел од тимските вредности и тимскиот дух.
Работни обврски на Соработник за промоција
Генерална цел на работата:
- Осмислување на дизајни за промоција на програмските и проектните активности на организацијата;
- Креирање на дизајни за промоција на програмските и проектните активности на организацијата;
- Асистенција при раководењето на профилите на социјалните медиуми на организацијата
Задачи и одговорности:
- Учество во воспоставување правила за екстерно брендирање;
- Примената на правилата за екстерно брендирање;
- Учество во процесот на прибирање информации за веб страна и за другите социјални медиуми;
- Учество на настани и креирање на содржина за време на настаните која подоцна ќе се користи за промоција;
- Подготовка на дизајни за веб страните на Младите можат, платформата Час за час, платформата Кариерен пат и други веб платформи со кои програмски може да раководи Младите можат;
- Одржување и редовно ажурирање на веб страните на Младите можат, платформата Час за час, платформата Кариерен пат и други веб платформи со кои програмски може да раководи Младите можат;
- Грижа за видливоста на активностите на организацијата преку редовни објави на социјалните медиуми;
- Дизајнирање на објави за информативни кампањи на Младите можат, застапувачки и друг тип на кампањи, во координација со Извршниот директор, останатите координатори и тела на Младите можат;
- Грижа за процеси за креирање на нови веб страни и платформи под раководство на Младите можат и нивно одржување и ажурирање;
- Подготовка на дизајни за објави на друштвените медиуми на организацијата и нивно редовно ажурирање;
- Водење грижа за онлајн достапност на сите позначајни документи (публикации, извештаи, позиции, видеа итн ) на организацијата;
- Подготовка на дизајн за сите позначајни документи (публикации, извештаи, позиции, видеа итн ) на организацијата;
- Подготовка на дизајн за месечен преглед на активностите на организацијата;
- Грижа за унифицирање на видливоста на сите проектни и програмски активности на Младите можат;
- Креирање на содржините кои ги пласира во јавност, вклучувајќи соопштенија за медиуми, покани за медиуми и други содржини кои произлегуваат од проектните и програмските активности на организацијата;
- Подготвува годишен работен план согласно Комуникациската стратегија, заедно во соработка со Извршниот директор, останатите координатори и тела на Младите можат;
- Подготовка на дизајни за наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни, доколку е потребно;
Одговорности кон тимот:
- Придонес во спроведување на процесот на институционален развој на Младите можат и градење капацитет на Извршната канцеларија
- Градење на капацитетите на Извршната канцеларија и другите тела на Младите можат за обезбедување поголема видливост на работата на организацијата;
- Успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а, согласно портфолиото за работа;
- Комуникација, координација и соработка со членовите на Извршната канцеларија и Управниот одбор;
- Поднесување месечен извештај за својата работа до Извршниот директор.
Критериуми за аплицирање:
Образование (одсек): Општествени науки (Маркетинг, Новинарство, Комуникациски студии) или завршен курс/академија за дигитален маркетинг/графички дизајн
Години на работно искуство: Минимум: 1 Пожелно: 2
Технички и професионални вештини:
- Познавање на некоја од програмите за креирање на дизајни (Photoshop, Illustrator и друго)
- Познавање на програма за креирање на видео содржини
- Познавање на граѓанскиот сектор и младинската работа
Основни карактеристики:
- Лојалност
- Организираност
- Професионалност и посветеност
- Способност за индивидуална и работа во тим
- Работа во куси рокови
- Менаџмент на време
- Менаџмент на конфликти
- Прилагодливост во однос на работни часови и работно време, како и работа од канцеларија, од дома и обврски кои наметнуваат повремено патување во рамки на државата
Неопходни јазици: Македонски и Англиски јазик (албански јазик е пожелно)
Дополнителни информации:
Времетрање на ангажманот е од јануари 2022 до декември 2022. Ангажманот е со полно работно време од 40 часа на неделно ниво. Работата ќе биде од дома, со повремена работа од канцеларија. Работното време е флексибилно, во согласност со работните обврски. За ангажманот е предвиден почетен финансиски надомест од 21 900 денари, нето сума.
Начин на аплицирање:
Испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на [email protected] со назнака Апликација за Соработник за промоција на Младите Можат
Рок за пријавување:
16ти јануари, 2022 година, 23:59
Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected]