Зошто е важно да се грижам за менталното здравје? Дали физичкото здравје е поважно од менталното здравје? Како да се грижам за моето ментално здравје? Што се тоа емоции и чувства? Зошто е важно да ги вербализирам моите емоции и чувства? Како начинот на кој комуницирам влијае врз моите врски? Како да ги негувам врските? Какви промени ми се случуваат? Дали промените влијаат врз квалитетот на мојот живот и благосостојбата? На кој начин различните околности влијаат врз мене?… Прашања и дилеми во нашето секојдневие и секако често слушаме препораки и совети за истите, но сепак дилемите остануваат нерешени. 

 

Затоа во месец август организираме катче кое ќе биде слободно, отворено и сигурно за ти да се изразиш и да дискутираш со твоите врсници за грижата за менталното здравје. На широка лединка во градскиот парк во Скопје, во приквечерината кога ќе поминат летните горештини ќе зборуваме за менталното здравје заедно со нашите едукаторки Лила и Анамарија и нивниот ментор, Павле. Ќе работиме на повеќе теми, како што се грижата за нашите емоции и чувства, како ги изразуваме, како да се грижиме за нашите врски и односи, како да негуваме здрави врски, какви промени ни се случуваат и како тие влијаат на нас, што е тоа што најмногу не загрижи за време на пандемијата, а што е тоа за што сме загрижени денес,… и многу други теми кои ќе произлезат од вас и вашите дискусии.

Доколку имаш 15 до 20 години и сакаш да дознаеш како да се грижиш за твоето ментално здравје, следи го линкот подолу, сподели ни ја твојата мотивација и се гледаме во август.

???? 24 – 26.08.2021    ⌚ 18:00 – 21:00   ????Градски парк – Скопје

Пријави се

Повикот е отворен до 23 август.

За повеќе информации може да не контактирате на [email protected]