Со младинската банка Аеродром, со поддршка на Здружение на граѓани „Младите можат“ Скопје и Општина Аеродром, управуваат 6 членови на Одборот за младинската банка, кои се млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, избрани на јавен повик и обучени да ја водат програмата за мали грантови. Членовите на Одборот, врз основа на приоритетите и потребите на младите, може да распишат конкурс и да одлучуваат за финансирање на проекти на неформални групи на млади во општината.
Фонд на Младинската банка за проекти на неформални групи во општина Аеродром:
Фондот за младинската банка е заеднички обезбеден од Здружение на граѓани „Младите можат“ Скопје и Општина Аеродром. Младинската банка Аеродром има отворен повик за предлог проекти до јуни 2021 година.
Кој може да поднесе предлог проект до Младинската банка Аеродром?
- Неформални групи на млади од 15 до 30 години (минимум 3 млади мора да бидат активно вклучени во подготовка и реализација на проектот) кои живеат на територијата на општината Аеродром;
- Оние кои имаат идеи како да ги подобрат условите за живот на младите во средината во која живеат;
- Млади кои се активни и имаат волја, пријатели, соседи и други познаници кои се спремни да направат нешто за себе и за својата заедница.
Што поддржува младинската банка?
- Проекти кои се реализираат на територија на општина Аеродром и имаат за цел зајакнување на соработката и подобрување на животот на младите на кој било начин;
- Оригинални, интересни и корисни проекти кои ги поттикнуваат другите млади да се вклучат и да бидат активни членови на заедницата во која живеат;
- Проекти кои одговараат на локалните потреби и имаат влијание на локалната заедница, а посебно на руралната средина;
- Посебно се поддржуваат проекти во областа на: културата, рекреативен спорт, слободно време на младите и простор за изразување и делување на млади, вработување и образование на младите, здравствена заштита на младите, социјална политика со фокус на социјално претприемништво, екологија, грижа за улични животни, безбедност во сообраќај, унапредување на урбанистичката опрема и јавните површини во општината
- Се прифаќаат предлог-проекти кои: имаат јасна идеја, цел и план за реализација, имаат одредено место, време и траење на проектот, ги исполнуваат критериумите за да добијат поддршка од фондот на младински банки, имаат јасно дефиниран и точен буџет, доставени се пред истекот на рокот за пријавување.
Што НЕ поддржува младинската банка?
- Проекти на кој главен приоритет им е хуманитарна цел и проекти на поединци, невладини организации, здруженија, политички партии и јавни институции;
- Проекти кои се повикуваат на каков било облик на насилство и дискриминација и промовирање на алкохол, дрога или нездрав начин на живот;
- Плати и хонорари за членовите на неформалната група која го реализира проектот;
- Трошоци за техничка опрема кои се неопходни за реализација на проектот, а кои се поголеми од 30% од бараниот износ од младинската банка;
- Проекти чија реализација на активностите е во тек или се веќе финансирани од ЗГ Младите можат и општина Аеродром
Колкав е максималниот износ на поддршка што може да го добие еден проект?
Младинската банка Аеродром ќе поддржи проекти во износ од 20,000 до 50,000 денари.
Задолжително учество на неформалната група на млади!
Неформалната група мора да обезбеди средства (парични, материјални или услуги) од претпријатија, институции или граѓани за проектот во најмалку ист износ како оној што го бара од младинската банка Аеродром. Пример: доколку сакате да направите игралиште, да обезбедите човек (роднина, сосед, пријател, познаник..) кој би го варосувал игралиштето без да наплати работна рака. Идејата е позади избраниот проект, неформалната група да вклучи повеќе луѓе во реализацијата на проектот, кои ќе бидат вклучени на волонтерска база и преку тоа да се поттикне активизмот и учеството во локалната заедница.
Како, на кого и кога можат да се поднесат предлог проекти?
Заинтересираните млади може да го преземат апликацискиот формулар од веб страницата на ЗГ Младите можат, кој се наоѓа на следниот линк.
Пополнетата пријава за предлог проект, заедно со предвидената документација (задолжително да се приложи фотокопија од личните документи на членовите на неформалната група, како и потврдa/доказ за обезбедено учество на други субјекти во проектот) треба да се прикачат како анекси, на самиот апликациски формулар, најдоцна до 17.06.2021г.
Кога ќе ја дознаете конечната одлука дали ќе ви биде поддржан проектот и кога ќе започне неговата реализација?
Младинската банка Аеродром ќе ве извести за конечната одлука за поддршка на вашиот проект најдоцна до 30ти јуни 2021г.
Предвидено е сите поддржани проекти да се реализираат во периодот од 01.07.2021г. до 15.08.2021г.
Пополнетиот апликациски формулар со предвидената пропратна документација (задолжително фотокопија од лични документи од трите членови на неформалната група и потврдa/доказ за обезбедено учество на други субјекти во проектот) треба да се поднесат електронски, преку следниот линк, најдоцна до 17.06.2021г.
За сите прашања може да се обратите на мејл адресата на Младинската банка Аеродром [email protected]
*Тука симни го Анекс 1 – Буџет на проектот, кој задолжително треба да го приложиш во апликацискиот формулар