Сакаш да го разбереш концептот на Human-Centred Design? Сакаш да ги дознаеш политиките креирани од Европската комисија за борба против КОВИД-19? Имаш желба да ја зголемиш креативноста при употреба на ИТ платформите?

DigitAll младинсиот тренинг во Бугарија е вистинска можност за тебе. Од 13ти до 21ви Април ќе имаш можност преку креативни работилници да дизајнираш проектен план со соодветни нови методолошки пристапи во насока на Human-Centred Design.

Профил на учесникот:

  1. Возраст:22+години
  2. Професионален профил:
  • Младински работници со минимум од една година работно искуство
  • Тим лидери во младински организации/проекти
  • Менаџери на НВО
  • Наставници
  • Социјални работници
  • Млади претприемачи
  • Административен персонал на НВО
  • Докторанти
  1. Здравствен профил: Вакциниран/а со најмалку две дози (трета доза се смета за предност), со вакцини признаени од Европската Унија.

 

Повеќе информации можеш да прочиташ на инфо-китот.

Има 3 слободни места, рокот за аплицирање е до 18.03.2022 година (23:59).

Доколку си заинтересиран/а да учествуваш на размената, испрати порака на нашиот инстаграм профил (youth_can) или пиши ни на нашиот меил [email protected]

Доколку имате некои дополнителни прашања, слободно пишете ни на [email protected]