Сакаш да изградиш европска еколошка свест? Ти делува интересно да учиш нови одржливи практики за зачувување на животната средина? Сакаш да ги развиеш своите лидерски вештини?

Од 1ви до 8ми Април, во Габрово- Република Бугарија се организира младинска размена „ECOcentric vs. EGOcentric“ на која учество ќе земат млади од Бугарија, Италија, Романија, Србија, Хрватска и Северна Македонија.

Преку учество на размената ќе развиеш вештини за водење активна дебата во областа на екологија и животната средина, ќе имаш можност да развиваш иновативни идеи и иницијативи за активно младинско учество во борба против климатските промени и да се вклучиш во промовирањето на еколошкото и социјалното претприемништво.

Потенцијалните учесници треба да бидат на возраст од 18 до 30 години и треба да бидат вакцинирани со најмалку две дози (трета доза се смета за предност), со вакцини признаени од Европската Унија.

Повеќе информации можеш да прочиташ на инфо-китот.

Има 4 слободни места за учесници плус 1 тим лидер (нема возрасно ограничување), рокот за аплицирање е до 15.03.2022 година (23:59).

Начин на аплицирање: Со пополнување на апликациска форма.

Доколку имате некои дополнителни прашања, слободно пишете ни на [email protected]