Предмет на барањето: Понуда за ревизорски услуги
Барател: Здружение на граѓани Младите можат
Датум на објава на повикот: 16.12.2022
Траење на повикот 7 дена: (до 21.12.2022 – до 17.00ч.)
Контакт меил: [email protected]
Здружение на граѓани Младите можат од Скопје, во рамки на проектот „All for You(th) – Се за младите” финансиран од Европската комисија преку ИПА механизмот, а спроведуван од Здружение на граѓани Младите можат од Скопје, има потреба од ангажирање на овластена ревизорска компанија.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е спроведување на ревизија на проектот „All for You(th) – Се за младите”, со вкупен износ на проектиран буџет од 69,985.00 евра, согласно договорот со донаторот. Проектот има посебна банкарска сметка и истиот е ослободен од ДДВ.
ЗАДАЧИ
Ревизорот треба:
- Да спроведе ревизија на проектот кој се имплементира во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022, во согласност со донаторските услови за спроведување ревизија, опишани во „Annex 1 – Annex Audit ToR“
- Потребно е да се спроведе ревизија на еден финален извештај на водечкиот имплементатор ЗГ Младите можат (по завршувањето на сите проектни активности).
- Да изготви и достави извештаи во 3 примероци, според спецификациите и стандардите опишани во: „Annex 1 – Annex Audit ToR“ согласно барањата на донаторот, на македонски и на англиски јазик.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Периодот за реализација на оваа активност е согласно термините за известување и договорот со донаторот, но не подоцна од 15.03.2023г. Вкупната вредност на понудата не може да надмине 1800 евра во денарска противвредност.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
При пријавувањето, компаниите треба да достават:
- Портфолио на компанијата;
- Биографии и лиценци на тим од овластени ревизори вработени во компанијата коишто ќе работат на ревизијата;
- Дополнителни документи како доказ за квалификациите согласно стандардите во прилог: „Annex 1 – Annex Audit ToR“ според барањата на донаторот;
- Финансиска понуда изразена во МКД.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
- Најмалку 5 (пет) години професионално работно искуство во спроведување ревизии на граѓански организации, странски фондации, програми и проекти имплементирани од граѓански организации и странски фондации.
- Најмалку 2 (две) претходно спроведени ревизии според стандардите специфицирани во прилог „Annex 1 – Annex Audit ToR“ согласно барањата на донаторот.
ОЦЕНКА НА ПОНУДИТЕ
За оценка на понудите ќе се формира комисија која ќе ги разгледа и оцени понудите. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: портфолио на компанијата, капацитет за спроведување на ревизијата (број на лиценцирани вработени ревизори), финансиска понуда, релевантно искуство соодветно за повикот согласно барањата во прилог „Annex 1 – Annex Audit ToR“. Договор ќе биде склучен со оној понудувач кој ќе биде оценет како најповолен. Донаторот на програмата има право да го одобри или оспори изборот на ревизорот, во зависност од исполнувањето на условите.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, понудувачите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 21.12.2022 – до 17.00ч со назнака ,,Ревизија: (име на понудувачот)“ Некомплетни понуди и понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид. Повеќе информации или прашања можете да поставите на [email protected]
ДОВЕРЛИВОСТ
Сите информации кои се поврзани со повикот и доставените понуди нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во оценка на понудите. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат надвор од овој повик и целта на истиот.
ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА
Сите евентуални трошоци околу прибирање и поднесување на потребната документација за учество на овој повик ги сноси понудувачот.