„Градење на здрави животни навики на момчињата во Ѓорче Петров“ е проект кој ќе трае 8 месеци (01.12.2022 – 31.07.2023) и чија цел ќе биде позитивно трансформирање на однесувањето кај младите момчиња со цел градење толерантни општества и превенција на врсничкото и родово базираното насилство.
Кон оваа иницијатива се вклучени локалната власт и локалните граѓански организации кои ќе ги мобилизираат младите на возраст од 14-19 години за утврдување на приоритети и вклучување во креирање локална политика за млади низ едукативни работилници и кампањи во заедницата.
Кои ќе бидат главните активности:
1. Учество во реализација на истражување по методот на партиципативно учење и акција со младите момчињата за да се утврдат димензиите на машкоста и перцепциите за насилство;
2. Обезбедување на 20 млади кои ќе учествуваат во истражувањето; обезбедување на соодвтен простор за реалзација на истажувањето по методот на партиципативно учење и акција со младите момчињата;
3. Учество во приспособување на Прирачникот М (за позитивно однесување на момчињата) на CARE – на национално ниво и развивање на програма за врсничка едукација;
4. Учество во процесот на проценка на потребите и учество во Обуката за Обучувачи која ќе биде спроведена од CARE;
5. Учество во адаптација на локалните младински клубови во општините учеснички во проектот и активно учество во основање на „Биди маж“ клубовите во Ѓорче Петров како безбеден простор за дијалог, критичко размислување и подигање на свеста кај младите луѓе;
6. Реализација на десет работилници во општина Ѓорче Петров за да го пилотираат „Прирачникот М“ (за позитивно однесување на момчињата);
7. Креирање и реализација на една младинска кампања во општината да делување и учество и презентација на резултати на завршниот настан на проектот;
Преку вклучување во проектните активности Младите можат и учесниците на проектот ќе имаат можност:
1. Да ги градат капацитетите и вештините кои што се неопходни работа со младите момчиња, за тие да можат да развијат здрави врски засновани на родова еднаквост, да го разберат нивниот физички, сексуален и емоционален развој како и да се осврнат на сите форми на насилство во нивниот секојдневен живот. Со тоа Младите можат ќе можат да воспостават силни врски со врсниците и младите момчиња за обезбедат ефикасно учество во предвидените работилници;
2. Младите можат во рамки на проектните активности ќе креираат мрежа од граѓански организации и да бидат активни во градењето на поправедни родови ставови и однесувања меѓу младите со што ќе се намали и насилството меѓу момчињата кон девојчињата и врсничкото насилство (насилство од момчиња спрема други момчиња) во Македонија;
3. Младите можат ќе ги зголемат организациските капацитети и капацитети за спроведување на проекти на граѓанските организации преку индивидуална програмска и техничка поддршка, што ќе им овозможи да развијат понатамошни програми и да бараат понатамошна финансиска поддршка и по завршувањето на оваа проектна активност;
Проектот „Градење на здрави животни навики на момчињата во Гостивар и Ѓорче Петров“ е реализиран од страна на Центарот за истражување и креирање политики заедно со CARE International Balkans со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Младите можат се партнери спроведувачи на проектот во општина Ѓорче Петров.