1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на надворешен соработник – Сметководител за потребите на проектот “All for You(th), финансиран од Европската комисија”. На овој повик може во улога на апликанти може да се јават индивидуи сметководители или сметководствени агенции. Ангажманот е со времетраење до крајот на 2023година.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Прием на сметководствени документи за книжење влезно–излезна документација
  • Дневна контрола на книжењето на трансакциите
  • Подготвување на извештаи и поднесоци до Институциите.
  • Пресметка на плати за вработени
  • Комплетно водење на материјално книговодство
  • Евидентирање и контрола на побарувања, уплати и наплата
  • Подготовка и потпишување на завршна сметка

Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

  1. Потребни квалификации
  • Завршено високо образование
  • Над 5 години работно искуство во Сметководство
  • Овластување од ИСОС за Овластен Сметководител
  • Одлични комуникациски вештини на македонски и англиски;
  • Познавање на работа со софтвери за сметководство и финансиско менаџирање
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на експертот/ката
  • Финансиска понуда

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за сметководител. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 31ви јануари 2023г., 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]