Со каква бизнис идеја би ја започнал/а твојата кариера како претприемач? Веруваш дека твојата идеја може да прерасне во успешен бизнис? Собери тим од најмалку 2 члена на возраст од 18 до 29 години, опишете ја идејата и аплицирај за HOBBYZ- Hobby to business.

HOBBYZ- Hobby to business е иновативна можност за млади претприемачи кои преку стекнување на лични и претприемнички вештини добиваат можност да ја развијат идејата до бизнис. Преку програмата учесниците ќе имаат можност да стекнат:

  • Лични и претприемнички вештини
  • Практична примена на вештините врз нивните (твојата) реална идеја
  • Посилна врска со бизнис заедницата

Од што се состои програмата?

Фаза 1: Учество на тренинзи за личен развој и претприемништво. Со учество на тренинзите тимовите добиваат можност заедно со експерти да работат на развивање на нивните претприемнички вештини и да се стекнат со вештини за развивање на бизнис.(Април-Мај)

Теми кои ќе бидат опфатени за време на тренинзите:

Модул 1: Вовед во младинско претприемништво-Развивање на лични и претприемачки вештини

Модул 2: Маркетинг и комуникација-Како до поголема видливост на бизнисот?

Модул 3: Финансии-менаџирање на финансии

Модул 4: Развивање на бизнис идеја со користење на бизнис темплејти

*секој модул е во времетраење од 2 дена, по 4 работни часа.

Фаза 2: Менторски сесии со ментори од бизнис заедницата. Со помош на назначен ментор тимовите ја усовршуваат својата бизнис идеја и креираат план за понатамошен развој на истата.(Јуни-Август)

Фаза 3: Crowd-funding event. Преку овој тип на завршен настан тимовите добиваат можност да ја претстават својата идеја пред 20 потенцијални инвеститори/бизнис ангели.(Септември)

Услови за аплицирање и селекција

Повикот е отворен за млади на возраст од 18 до 29 години кои:

  • Се заинтересирани да градат свој бизнис и/или да го монетизираат своето хоби
  • Сакаат да го надоградат својот бизнис и/или да го промовираат

Секој тим мора да биде составен од најмалку 2 члена. Секој тим мора да има назначено тим лидер.

На повикот не смее да аплицираат:

  • Политички партии или политички подмладоци на партијата;
  • Проекти/бизниси кои веќе ги продаваат своите продукти/услуги;
  • Проекти/бизниси кои се во напредна фаза на развивање;
  • Идеи кои дискреминираат одредена група на луѓе;
  • Идеи чии импакт е надвор од територија на Р.С.Македонија;

Аплицирањето се врши со пополнување на апликациска форма на следниот линк најдоцна до 15.05.2022(23:59)

Аплицирај за HOBBYZ- Hobby to business

Од пристигнатите апликации ќе бидат селектирани тимови кои ќе бидат дел од програмата врз основа на следните критериуми:

  1. Потенцијал (Колкав е потенцијалот за развој или надоградба на идејата)
  1. Степен на влијание (Какво влијание или промена во општеството ќе бидат предизвикани или се веќе предизвикани)
  1. Јасност и концизност (Колку напишаната апликација е јасно презентирана и разбирлива)

Што се случува откако ќе бидат селектирани тимовите?

По избирање на тимовите, се започнува со тренинзите. За време на тренинзите тимовите ја разработуваат нивната идеја.

Во текот на програмата, тимовите ќе добијат поддршка од ментори кои ќе бидат од бизнис заедницата и ќе им помогнат на тимовите во доразработка и реализација на идејата.