Извршната канцеларија на Младите можат е во потрага по нов млад ентузијаст кој е подготвен дa работи во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енергија.

Доколку си подготвен/а да работиш на својот личен развој и дополнително да ги развиваш своите вештини преку принципот на “learning by doing“ – ова е одлична можност за тебе! Те повикуваме да бидеш дел од атмосфера на постојано учење, надоградување, но и стакнување нови пријатели и колеги. Биди дел од тимот кој верува во моќта на младите да бидат катализатори на позитивни промени во општеството. Но, за да го постигнеме она во кое веруваме потребни ни се посветеност, истрајност, прилагодливост и самоиницијативност како дел од тимските вредности и тимскиот дух.

Повик за Координатор за администрација и логистика

Работни обврски на Координатор за администрација и логистика

Генерална цел на работата:

  1. Раководи со администрацијата на Младите можат;
  2. Ажурирање на финансиската и административната документација;
  3. Обезбедува логистичка и техничка поддршка во фунцкионирањето на Извршната канцеларија и проектните активности на Младите можат;
  4. Организирање на логистичкиот аспект од настани, семинари и конференции;

Задачи и одговорности:

  1. Одржување на ефективни и функционални административни и финансиски системи;
  2. Ги координира и асистира процесите за време на внатрешни и надворешни финансиски ревизии;
  3. Го одржува системот на месечни извештаи за работно време на персоналот и обезбедува негова усогласеност со интерните политики и законите;
  4. Адмистративно води сметка и електронска евиденција за спроведување на правилата за раководење со вработените, политиката за одмори, отсуства, боледувања и сл.;
  5. Ги администрира досиејата за набавки и обезбедува усогласеност на процедурите за набавки со интерните политики и законите;
  6. Води попис на инвентар;
  7. Комуникација и координација со сметководството на организацијата;
  8. Администативно и техничко одржување на канцеларијата, грижа за опремата, спроведување каанцелариски набавки и услови;
  9. Реализација на членарина од членовите на Младите можат кон организацијата;
  10. Организација на пат и сместување и рефундирање на трошоци за патувања за Младите можат (За програмски и проектни активности);
  11. Спроведува и други програмски задачи и задолженија во согласност со моменталните потреби на Младите можат и во координација со Извршниот директор;
  12. Одговорен за техничка и логистичка поддршка при организирање на настани на Младите можат;
  13. Обезбедува потребни ресурси за квалитетно спроведување на активностите на Младите можат;
  14. Планирање и извршување на логистички дел на настани, поточно, обезбедување просторија, барање на спонзорства, правење набавки, контактирање на надворешни инволвирани лица
  15. Обезбедува логистичка поддршка при спроведување на проектни активности за кои е задолжена канцеларијата на Младите можат;
  16. Обезбедува логистичка поддршка при подготовката и реализацијата на Годишното собрание на Младите можат;
  17. Активно учествува во останатите тековни активности во организација на Младите можат;
  18. Учествува во подготовка на материјали за седници и состаноци на телата на Младите можат;
  19. Одговорен е за набавка на материјали потребни за спроведување на активности;
  20. Одговорен е за набавка на канцелариски материјали потребни за секојдневно канцелариско функционирање;
  21. Одговорен е за обезбедување на спонзори при спроведување на активности и проекти на организацијата;
  22. Одговорен е за градење и одржување на релации со спонзори, добавувачи и блиски соработници, согласно портфолиото за работа.

Одговорности кон тимот:

  1. Придонес во спроведување на процесот на институционален развој на Младите можат и градење капацитети на Извршната канцеларија
  2. Градење на капацитетите на Извршната канцеларија и другите тела на Младите можат за обезбедување поголема видливост на работата на организацијата;
  3. Комуникација, координација и соработка со членовите на Извршната канцеларија и Управниот одбор;
  4. Поднесување месечен извештај за својата работа до Извршниот директор.

Критериуми за аплицирање:

Образование (одсек):    Економски науки, Менаџмент на ресурси, Човечки менаџмент

Години на работно искуство:      Минимум:  1                Пожелно: 2

Технички и професионални вештини:

  • Познавање на граѓанскиот сектор и младинската работа
  • Познавање на законската регулатива за финанскиско работење на граѓански организации, работни односи и администрација
  • Финансиско, административно и материјално работење
  • Организациски менаџмент

Основни карактеристики:

  • Лојалност
  • Организираност
  • Професионалност и посветеност
  • Способност за индивидуална и работа во тим
  • Работа во куси рокови
  • Менаџмент на време
  • Менаџмент на конфликти
  • Прилагодливост во однос на работни часови и работно време, како и работа од канцеларија, од дома и обврски кои наметнуваат повремено патување во рамки на државата

Неопходни јазици: Македонски и Англиски јазик (албански јазик е пожелно)

Дополнителни информации:

Ангажманот започнува од 1 април 2023г. со пробен период од минимум 1 месец. Ангажманот е со полно работно време од 40 часа на неделно ниво, со работа од канцеларија во Скопје. Работното време е флексибилно, во согласност со работните обврски. За ангажманот е предвидена бруто плата (нето плата, персонален данок на доход и придонеси за задожително социјално осигурување)  во износ од 43 050 денари.

Начин на аплицирање:

Испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на [email protected] со назнака Апликација за Координатор за администрација и логистика на Младите Можат

Рок за пријавување: 27 март, 2023 година, 23:59

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected]

или на 078 31 39 31