Колку убаво звучи летна размена во Каунас, Литванија и дружење со млади од 6 различни држави во Европа?

Отвараме повик за 6 учесници + 1 тим лидер од Македонија (сите помеѓу 18 и 30 години) кои ќе бидат дел од Еразмус + младинската размена во Каунас.

Младите можат е партнерска организација на Еразмус+ проектот “We are all Connected YE”, организиран од страна на Active Youth.

Размената ќе се одржи од 7ми до 15ти јули и ќе те научи на нови лидерски вештини. Дел од темите кои ќе се обработуваат се:

  • социјална култура на земјите кои учествуваат;
  • актуелни глобални социјални проблеми;
  • лидерски вештини;
  • одржливи проекти;
  • зајакнување на недоволно застапените групи.

Сместувањето и храната, како и патните трошоци се целосно покриени од организаторот се додека истите (патни трошоци) не ја надминуваат сумата од 275 ЕУР.

Вие како учесници ќе имате обврска во месецот по завршување на размената да споведете активности за десеминација на тема лидерство, социјална вклученост и/или развој на заедниците во вашите локалитети. Дополнително ќе треба да спроведете работилници за резултатите од проектот со цел зголемување на вработнивоста во државата.

Повеќе информации околу размената можете да најдете во инфо-китот.

Аплицирајте преку пополнување на оваа google форма, најдоцна до 22.05 (23:59ч.)