Младински лидерски иницијативи

„Лидер е оној кој го знае, го оди и го покажува патот“

Проект кој пред само една година остави значајна трага во нашето општество. Проект кој има за цел да изгради млади лидери кои ќе остварат позитивни промени.

Поведени од одличното искуство и желбата за повторен успех, ентузијазмот и напредокот кој не освести дека токму овој проект постигнува импакт, „Младински лидерски иницијативи” повторно во фокусот на Младите можат.

Како прва фаза од проектот од 5ти до 11ти мај на Пониква се одржа Лидерскиот камп. Учесници во проектот се 20 млади луѓе на возраст од 17 до 22 години.

13237801_1208371802514926_6376027634223041861_nСо почетокот на првата сесија за запознавање веднаш станува јасно дека сите тие се различни. Секој со своја приказна, различен карактер, секој уникатен и посебен на свој начин, а сепак сите со иста цел. Да се осознаат себеси, да работат на својот личен развој, да се надоградат, да се стекнат со нови вештини, да го пронајдат лидерот во себе. Сето тоа за да бидат лидери кои ќе се обидат да го направат нашето општество подобро место за живеење, што всушност е и главната цел на овој камп.

 

7 дневна интензивна програма на тема лидерство. Секое утро започнува на ист начин. Спортски активности за расонување и енергија, јога за смирување и концентрација. Веднаш потоа започнува денот постојано исполнет со нови предизвици. Како дел од теориската програма беа опфатени многу теории за лидерство и тимска работа. Започнувајќи од лидерските вредности, искуственото учење, критичкото размислување, менаџментот, креирањето на визија и лидерските стилови, па се до комуникацијата во тим, довербата и градењето на релации, процесот на донесување одлуки. Исто така особено внимание се посвети и на индивидуалниот развој на секој од учесниците. Тие имаа можност да ги осознаат своите силни страни, но секако да ги согледаат и своите слаби карактеристики, да ги прифатат како дел од себе, да работат на нив и да ги подобрат. Сето тоа беше постигнато преку секојдневни рефлексии и лични евалуации.

Покрај теорискиот, програмата секако вклучи и практич13151919_1208370615848378_8453698597106036438_nен дел. Многу вежби, лични и тимски предизвици, во кои што учесниците имаа можност да го применат наученото, да согледаат како е да се судриш со реалноста, да налеташ на пречки, но сепак да имаш доволно знаење, да бидеш упорен тимски играч кој ќе ги совлада пречките и ќе се стреми кон остварување на целта. После секоја вежба следуваа дискусии и можност за рефлексија на сработеното, каде се согледуваа грешките и се вадеа научени лекции на кои се потсетувавме постојано.

Како завршен дел од целата програма беше процесот на детектирање проблеми во заедницата. Во овој дел учесниците одбраа три општествени предизвици кои ќе бидат дел од втората фаза на проектот, односно имплементацијата на иницијативи. Како предизвици кои најмногу ги засегаат беа избрани следните три:

  • Висок степен на сиромаштија и бездомници;
  • Дискриминација на маргинализирани групи;
  • Младите не се свесни за придобивките од неформалното образование и личниот развој;

Последните два дена од кампот, секоја од трите групи направи план за делување во насока на решавање на поставениот предизвик.

13227030_1208379399180833_677468417718463205_nВо периодот јуни-август секоја од трите групи ќе направи иницијатива со која ќе се обиде да придонесе кон подобрување на моменталната ситуација и да оствари позитивна општествена промена. Дополнително на секоја група и беше доделен ментор од тимот на Младите можат, кој ќе биде нивна поддршка во периодот кој следува, ќе ја набљудува нивната работа и ќе се стреми кон нивен личен и тимски развој.

Секако неизбежен дел беа и забавните активности кои ги зближија учесниците, направија одлична атммосфера, дружба и сплотеност.

За успешно реализирање на кампот беа задолжени искусн13227141_1208381665847273_3409655519168432440_nи обучувачи од тимот на СИМБИОТИКА кои успеаја своето знаење да го пренесат на учесниците. Покрај тоа што обучувачите работеа на пренесување на своето знаење и искуство и ги водеа сите вежби и предизвици, тие особено придонесоа во индивидуалниот развиток на учесниците. Секако кампот немаше да биде реализиран без работата на организацискиот тим од Младите можат, кој се погрижи се да биде беспрекорно совршено, да обезбеди логистичка поддршка за време на кампот и да внимава се да се одвива во најдобар ред.

Носител на „МЛАДИНСКИ ЛИДЕРСКИ ИНИЦИЈАТИВИ“ е Младите можат кој проектот го реализира со поддршка од Цивика Мобилитас(Проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставен од Швајцарската амбасада во Република Македонија кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ)), Швајцарски национален младински совет и во соработка со SEED Швајцарија и Институт за индивидувален и организациски развој Симбиотка.