Извршната канцеларија на Младите можат е во потрага по нов млад ентузијаст кој е спремен да работи во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енерија.

Доколку си подготвен/а да работиш на својот личен развој и сакаш да учиш преку принципот на „learning by doing“ – ова е одлична можност за тебе! Те повикуваме да бидеш дел од атмосфера на постојано учење, надоградување, но и стакнување нови пријатели и колеги. Биди дел од тимот кој верува во моќта на младите да бидат катализатори на позитивни промени во општеството.

Но, за да го постигнеме она во кое веруваме потребни ни се посветеност, истрајност, прилагодливост и самоиницијативност како дел од тимските вредности и тимскиот дух.

За почеток, позицијата предвидува половина работно време, со можност за понатамошен напредок.

Одговорности на волонтерот:

-Ажурирање на јавните гласила на организацијата (веб страница, фејсбук фан страница, млади мк платформа, твитер и инстаграм профили)
-Креирање на распоред за објави на фан страница
-Комуникација на официјалниот меил на Младите можат (следење комуникација, одговарање на меилови, препраќање и известување на останатите членови на Извршната канцеларија)
-Продуцирање содржини кои ја промовираат организацијата во јавноста
-Водење грижа за онлајн достапност на сите позначајни документи (публикации, извештаи, позиции, видеа итн ) на организацијата
-Подготовка на соопштенија и текстови за јавност кои ја промовираат организацијата и нејзините активности
-Подготвување квартални е-весници со информации за реализираните активности
-Грижа за одржување на имиџот на организацијата во јавноста
-Претставување на организацијата на отворени денови за јавноста и младите
-Водење архива за сите јавни настани на организација и документирање на сите објави за нејзините активностите
-Поднесување месечен извештај за својата работа до Извршниот директор на организацијата
-Остварување редовна комуникација со членовите на Извршната канцеларија

Критериуми:

● На возраст од 18 до 25 години
Познавање и искуство во работа со социјалните медиуми и веб-сајтови;
● Вештини за работа во Adobe Photoshop и Adobe Illustrator (ќе се смета за предност);
● Познавање и искуство во комуникација со медиуми преку соопштенија и гостувања во емисии;
● Искуство во креирање на брендинг и визуелен идентитет на активности
● Способност да работи на повеќе задачи во исто време;
● Способност за индивидуална работа и работа во тим;
● Прилагодливост во однос на работни часови и работно време
● Познавање на англиски јазик во пишана и говорена форма.

Начин на аплицирање:
Пополнување на апликацискиот формулар на овој линк и испраќање на кратка биографија на [email protected]

Рок за пријавување:
01ви јули, 2018та година, 23:59

*За волонтерскиот ангажман предвиден е симболичен паричен надомест.