Подготовка на младинските работници и младински лидери кои се од 18-29 годишна возраст со основни познавања и вештини за психилогија е целта за која во април ќе има тренинг курс со називот „PSYCHOLOGICAL FIRST AID FOR YOUTH WORKERS“ во Унгарија.
Кога? – Од 19 до 28 април 2019
Каде? – Székesfehérvár, Унгарија
Партнерите што се вклучени во тренингот имаат различни искуства и различни позадини што ќе резултира со палета на мислења и ставови во обуката. Работејќи ентузијастички со младите, сите вклучени во овој проект имаат многу искуства кои на овој тренинг ќе ги споделат и дискутираат.
Со овој тренинг би сакале да им дадеме шанса на учесниците да ги прошират своите хоризонти за психологијата и да знаат како да се грижат се менталното здравје, подобро да ги разбираат психолошките процеси и да ги применуваат овие нови методи во секојдневниот живот, но и во младинска работа. Како една од целите ќе биде и развивањето на нивната емпатија. Покрај тоа, тие ќе го разберат подобро стресот, анксиозноста, различните емоции и однесувања, исто така, ќе се претстави и концептот на mindfulness.
Континуираното споделување на искуства и идеи ќе им помогне на учесниците да откријат нови перспективи за младинската работа, на пр. како да се справат со различни младински групи и со помош на професионалните тренери и ќе разберат што се одговорностите и ограничувањата на младинските работници. До крајот на тренингот, тие ќе стекнат нов начин на размислувањe со кој ќе можат да ја подобрат нивната младинска работа користејќи нови алатки, знаења и вештини.
Унгарија, Велика Британија, Италија, Естонија, Бугарија, Северна Македонија, Грција, Малта и Германија се земјите од каде 30 младински работници или лидери ќе учествуваат во тренингот. Ќе имаат можност да ги прошират своите хоризонти, да стекнат нови вештини и да ги споделат своите најдобри практики едни со други. Тимот на меѓународни обучувачи ќе им помогне да ги постигнат целите на тренингот и да извлечат најмногу во текот на целиот проект.
Овој тренинг содржи подготвителна фаза, за која е одговорен секој од учесниците. Таа се содржи од мало истражување за социјални проблеми на младите (think about any challenging or even extreme situations that were beyond your limits), лични потреби и цели како младински работник и подготовка за интеркултурна вечер и НВО саем.
Начинот на аплицирање е со пополнување на овој формулар и испраќање на [email protected] најдоцна до 25.03.2019.
Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected].
Тренингот е финансиран од страна на Европската комисија од програмата Еразмус+. Организаторот на овој тренингот обезбедува рефундирање на патните трошоци (Македонија – Унгарија- Македонија) до 275 евра. Сите останати трошоци се покриени од страна на организаторот (сместување, храна, освежување). По завшувањето на размената, учесниците ќе добијат YouthPass сертификат (сертификат за неформално образование и може да се искористи во CV, апликации за работа/ училишта/ факултети и слично.)