На 27.10.2018 во просториите на СУГС “Орце Николов“ се овозможи атмосфера исполнета со спонтаност и амбиција. Беше оддржана еднодневна работилница на тема музика и психологија – “Сѐ што слушаме“.
Идејата за оваа работилница, која дојде токму од страна на фасилитаторот на истата – Лука Ѓоргиевски, успешно се организираше како настан од страна на неколку активни членови од тимот за ментално здравје на Младите можат.
Благодарение на разбирањето на тоа колку се значајни овие теми да се разработат подетално, директорот од СУГС “Орце Николов“ Митко Димовски , ни дозволи да ги користиме просториите на самото училиште, каде што обуката започна со отварање на настанот од страна на организацискиот тим: Елена Пауноска (тим лидер), Марија Боцевска, Филип Наумовски и Сања Јонческа во 12 часот и заврши во 17:00 часот.
Во првиот дел од работилницата Лука ги упати кон запознавање и самозапознавање на ниво на личност секој од учесниците, додека во вториот дел даде насоки за изразување на емоциите и состојбите преку музиката, со што се постигна целта на оваа работилница – излегувањето од комфорт зоната, да се проба нешто ново.
Едноставно, да се слушнеме себе си и да се ослободиме од стегите на како надворешниот свет би не доживеал (што не сопира, што е пречката – начини на надминување).
Работилницата заврши со пријатна атмосфера и со взаемно чувство на исполнетост.