Дали сакаш да бидеш пример во заедницата? Дали сакаш да научиш како да го намалиш отпадот кој го создаваш а потоа да го примениш добиеното знаење? Ако сакаш ова да го постигнеш, но не знаеш како, пат под нозе и дојди на нашата обука!
Младинската иницијатива ViridiQ е тука да ти помогне!
Живеење без отпад не е само стил на живеење, туку тоа претставува филозофија на живеењето.
Што значи тоа? – Користење на производи кои би биле реупотребувале, би се рециклирале и би биле долготрајни како и купување на производи кои би ги задоволиле нашите основни потреби.
Обуката за нула-отпад ќе се одржи на 14.04.2018, во Канцеларија за млади на општина Центар (tbc), со почеток од 12:00 (регистрација почнува од 11:45). На неа ќе се запознаете како живеат некои луѓе без отпад и како вие да ги примените некои од нивните навики. Ќе имате можност да добиете практични совети од луѓе кои што го живеат тоа што го веруваат. Чекор-по-чекор да се подобриме самите себеси и нашата околина!
Која е целта?
Токму на оваа обука ќе научиш како подобро да размислуваш и да делуваш во намалувањето на отпадот, ќе стекнеш знаења и искуство како подобро да се справиш со истиот, но ќе имаш и голема поддршка и помош во текот на целиот процес. Ќе научиш како на забавен начин и преку игра можеш да се мотивираш и успешно да ги поминеш предизвиците. Дружбата не е изоставена.
Како вежба на применетото знаење, ве предизвикуваме! Од 14.04-22.04 тргни едно парче амбалажа и стекни нови навики! 15.04 е ден без пластични шишиња, а следните денови ќе бидат објавени на денот на обуката. Секој ден добивате нов предизвик и го додавате на претходниот. Сите учесници ќе добијат „starter pack“ кој ќе ви помогне во предизвикот, вклучувајќи платнена торба, реупотребливо шише и уште изненадувања. Секој учесник ќе има обврска да го евидентира својот напредок. Најуспешните ќе добијат награда на денот на планетата земја 22ри април, во просториите на културниот центар на Автокоманда, по изложбата „Естетика на грдото“.
Право на учество имаат сите млади над 15 години кои сакаат да ги позеленат своите навики и дирекно да ѝ помогнат на животната средина.
Краен рок на пријавување: 12ти Април, Четврток 23:59
Начин на пријавување: Пополнување на апликацискиот формулар на овој линк
Агенда:
11:45-12:00 Регистрација
12:00-12:15 Воведен збор
12:15-13:15 Ѓубрето околу нас: како се справуваме со отпадот на „Големата слика?“
13:15-14:15 Ѓубрето од нас: како живеат луѓе без отпад?
14:15-14:45 Пауза, нула-отпад закуска
14:45-15:30 Како е во реалноста? Пример за импакт. Вовед во предизвикот
15:30-16:00 Рефлексија, делење на стартер-пакети
Зошто има потреба од ваков вид на обука?
Отпадот кој го создаваме завршува на депониите кои ја контаминираат почвата, дел од исцедоците завршуваат во водните површини и во воздухот кој секојдневно го дишеме. Освен што ја загадува природата тој влијае негативно и од економска гледна точка бидејќи сите набавени ресурси во нашите домови не се искористени пред истекот на рокот. Од друга страна пак секоја година во светот се призведуваат вкупно 4 милијарди тони храна, а во отпад завршуваат 33% од нив, Македонија е земја во која 450.000 лица не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден.
Кога ќе го пресечеме последното дрво, кога ја уловиме последната риба и кога ќе ја загадиме последната река, конечно ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари!