Во денешното општество има многу различни верувања, вредности, политички погледи. Секако, секој е слободен да има сопствени ставови но истите често можат да доведат до исклучување, дискриминација па и конфликти. Дополнително, многу млади не веруваат дека нивните ставови влијаат на како политичите одлуки се носат.
Утопија е проект во кој луѓе со различни позадини ќе создадат совршен свет без граници и правила. Преку реална симулација на Утопија во 16 дена ќе се создаде свет во кој би сакал/а да се видиш заедно со уште 44 млади!
Младите можат отвара повик за тим-лидер кој ќе учествува на Advanced Planning Visit (APV) средба во Холандија од 24.05.19 до 27.05.19 и потоа на младинската размена од 09.07.2019 до 26.07.2019 и учесници кои ќе учествуваат на младинската размена.
Проектот ќе вклучува 5 учесници од кои 1 тим лидер од 18 до 23 години. Некои од групата ќе бидат со веќе стекнато искуство на проекти, но ќе учествуваат и млади без искуство.
На самата размена од 09.07.2019 до 26.07.2019, учесниците ќе креираат совршено општество кое ќе го нарекуваат Утопија. На почетокот нема да има хиерархија, закони и слично. Учесниците сами ќе го организираат тоа заедно со поставувањето на основни вредности. Организирањето на групата и трошењето на ресурси во симулацијата на совршен свет ќе се одвива според групата и нејзините правила.
Во текот на размената, ќе има различни надворешни активности кои ќе се фокусираат на иницијативност, изнаоѓање ефикасни начини за решавање предизвици и соработка во групата.
Литванија, Унгарија, Романија, Италија, Шпанија, Португалија, Грција и Холандија се останатите земји од кои ќе учествуваат вкупно 45 учесници на размената во Омен, Холандија.
Начинот на пријавување е со пополнување на овој формуар не подоцна од 19.04.2019та година.
Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected].
Предност при селекција на тим лидерот ќе имаат учесници на предходни проекти организирани од Cherry International.
Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација.
Тренингот е финансиран од страна на Европската комисија од програмата Еразмус+. Организаторот на овој тренингот обезбедува рефундирање на патните трошоци (Македонија – Холандија – Македонија) до 275 евра. Сите останати трошоци се покриени од страна на организаторот (сместување, храна, освежување). По завшувањето на размената, учесниците ќе добијат YouthPass сертификат (сертификат за неформално образование и може да се искористи во CV, апликации за работа/ училишта/ факултети и слично.)