Информирај се – заземи став – делувај!
Дали си дел од младинска организација, моментално спроведуваш иницијатива или едноставно сакаш твојот глас да биде слушнат на теми кои ти значат?
Доколку имаше позитивен одговор, Act.ival for Future е проектот каде млади од 16-23 години од цела Европа ќе учествуваат од 3ти до 6ти мај 2019та во Lubeck, Германија.
Програмата содржи иновативни работилници, дебати, интерактивност, симулации и надворешни активности на 4 главни теми:
- Моќта и улогата на граѓанското општество
- Корисни дигитални алатки
- Немаме втора планета
- Нееднаквост и дискриминација? Не со нас!
Работилниците ќе бидат водени од експерти на овие 4 теми се со цел да можете да се информирате, заземете став и да делувате.
Целта е да се направи разновидна група во Lubeck кои ќе бидат подготвени да разменуваат идеји, да се инспирираат и делуваат на предизвиците кои им значат. Преку оваа платформа на млади од Европа, ќе се работи на предизвиците од четирите теми и ќе се креира атмосфера за промени!
Трошоците за пат, сместување и кетеринг се покриени од SAME и SHL, но потребна е партиципација од 30 евра.
Кои се SAME и SHL? – SAME(Solidarity action day movement in Europe) или Движење за Ден на акција за солидарност е чадор организација на организации кои го организираат денот на акција за солидарност во Европа.
SHL e една од организациите кои го организира овој настан на годишно ниво. Тие се најголемата младинска организација во Германија и едни од основачи на SAME. Исто така, долгогодишни поддржувачи на Младите можат и активностите кои ги спроведуваме.
Како да аплицирам? – Пополни ја апликацијата на линкот не подоцна од 14ти март до 23:59 часот.
Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација.
Доколку имаш дополнителни прашања слободно контактирај не` на [email protected].