Колку пати си наишол на проблем кој те засега и не си преземал ништо? Колку пати си помислил дека ТИ не можеш да го промениш општеството?
Секој од нас може да направи разлика меѓутоа само заедно можеме да направиме промена.
Доколку си на возраст од 17-22 години и имаш желба да направиш промена во општеството, ова е твојата шанса!
Младите Можат во склоп на проектот Академија за младински активизам како дел од програмата за волонтирање ,, Make a change, be a volunteer vol.5” распишува повик за 25 млади кои имаат желба да ја подобрат заедницата и притоа да се стекнат со нови искуства, знаења и вештини.
Проектот има за цел да ги мотивира младите да креираат позитивни промени во општеството како и промоција на младинскиот активизам и волонтерството како главна алатка за личен и професионален развој.
Проектот е составен од двe фази :
I фаза: 3 модули обуки спроведени од искусни тренери потребни за развој на личните вештини
Секој учесник на проектот задолжително е да ги помине трите модули обуки на тема:
Модул 1: 9-10 декември ,,Волонтерство, начини на влијаење во заедницата”
Модул 2: 16-17 декември ,, Планирање иницијатива”
Модул 3: 23-24 декември ,, Tимска работа и лидерство”
II фаза: Реализација на 3 младински иницијативи.
За време на обуките учесниците ќе детектираат предизвици на кои сакаат да работат по завршување на првата фаза. При реализација на иницијативите младите ќе имаат можност преку тимска работа да влијаат на подобрување на заедницата. За реализирање на иницијативата учесниците ќе добијат подршка од Младите Можат како и ментори кои ќе ги водат низ целиот процес.
Реализацијата на иницијативите е од јануари 2017 до март 2018.
Доколу сте заинтересирани можете да аплицирате на следниот линк:
Предност во селекција на учесниците ќе имаат оние млади кои:
- Немале шанса да учествуваат во слични активности
- Се мотивирани да направат промена
- Активно ќе учествуваат во целиот проект
Рокот за аплицирање истекува на 03.12.2017 во 23:59.
За дополнителни информации обратете се на : [email protected]
Проектот е дел од ,,Академија за младински активизам” реализиран од страна на Младите Можат а подржан од Schüler Helfen Leben.