Здосадено ти е од едноличното секојдневие? Дали можеш да ги идентификуваш потребите на твоите врсници во општината? Потребна ти е мотивација и алатки за да ја направиш промената која сакаш да ја видиш?

Си размислувал/а да се запознаеш со претставници од твојата општина? Да ги осознаеш можностите кои општината ги нуди на младите? Да бидеш слушнат и да соработуваш заедно со твоите врсници, но и со возрасните?

Доколку одговорот е ДА – овој повик е токму за тебе!

Младите можат, во соработка со општините Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром започнаа програма наречена локална младинска банка со која ќе се поддржат младински иницијативи во општините. Програмата е од млади за млади, младите ќе ја водат младинската банка и ќе одлучуваат кои проекти да добијат поддршка, а од друга страна, младите ќе имаат можност да аплицираат со свои идеи. Првиот чекор од започнувањето на програмата е формирање на  Одбор на младинските банки во општините Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром.

Ги покануваме сите млади што живеат на териториите на општините Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром да аплицираат за членство во Одборот на младинската банка. 

 

 

 

 

Ако се пријавиш и бидеш избран-а, те очекува:

  • Задолжителен тренинг за управување со програмата младински банки;
  • Инфо-средби, обуки и соработка со претставници на општината и Младите можат;
  • Промовирање на програмата и едукација на младите за мобилизирање на локалните ресурси во твојата општина;
  • Отворање на конкурс на младинската банка за проекти на неформални групи млади во општината;
  • Прием на апликации, читање апликации и избор на апликации, по кои следува интервју за проектите што поминале во втор круг (прелиминарен избор);
  • Интервјуа со млади луѓе кои аплицирале на програмата, одлучување заедно со другите членови на Одборот за тоа кои идеи ќе добијат финансиска поддршка;
  • Известување за резултатите од селекцијата, како до одбиените апликации, така и до прифатените предлог-проекти;
  • Потпишување договори и распределба на средства за одобрени проекти;
  • Мониторинг на имплементацијата на проектот, оценување и известување;
  • Соработка со членовите на одборите на други младински банки во државата.

 

Начин на аплицирање: Со пополнување на апликациска форма којашто се наоѓа на следниот линк, најдоцна до 22.03.2021г. (23.59 часот).

Сите трошоци за имплементација на програмата (реализација на обуки, материјали за членови на Одборот, логистика за состаноци и сл.) се на терет на Младите можат. Улогата член на Одбор на младинската банка е на доброволна основа и за истата не е предвиден финансиски надомест. За дополнителни информации и прашања слободно обрати се на [email protected] или на 078 313 931.