Веруваме дека можеш да бидеш катализатор на позитивни промени, почнувајќи од себе, а потоа и во денешното општество. Па затоа, те повикуваме да бидеш дел од младите кои ќе започнат промена, најпрво од себе а потоа и на другите околу себе, на тема во која се пронаоѓаш и со можност и слобода да учиш, стекнуваш искуства и преземаш акции.

Преку приклучување во членството на Младите можат ќе имаш можност да да се развиваш на личен план, со секоја своја акција да стануваш подобра и поуспешна личност, да волонтираш и да придонесуваш кон позитивни промени во заедницата во која живееш.

Доколку си млада личност која има желба да го оствари горенаведеното, избери една од трите едукативни програми согласно твоите интереси, потреби и амбиции и спреми се за незаборавни 12 месеци полни активности, учење, развивање вештини, запознавање нови луѓе и стекнување скапоцени искуства. Деталите за трите едукативни програми погледни ги подолу.

Штом одлучиш што е она што ти е потребно во 2020 г. и си спремен на станеш ММ член сѐ што е потребно да направиш е да ја пополниш пристапницата за членство која се наоѓа на овој линк и да почекаш да те исконтактира Софија, координаторот за членство. Потоа ќе следува подмирување на членарината за наредните 12 месеци (септември 2020 – август 2021 г.) во износ од 1000 денари, запознавање со останатите членови и започнување на ова патување во кое МЛАДИТЕ МОЖАТ.