fbpx

[Повик] Волонтирај една година во најголемата германска младинска фондација!

Нашите долгогодишни партнери Schuler Helfen Leben и оваа година, повторно, нудат можност на млади луѓе од земјите од Западен Балкан за волонтирање во Германија. За време на едногодишниот ангажман, волонтерите ќе ја имаат можноста да помагаат при реализирање на разни активности и остварување на целите на фондацијата. Во овој момент, отворени се можности за волонирање во канцелариите во Neumünster и новата канцеларија во Lübeck. Во Neumünster, волонтерите од Германија и земјите од Западен Балкан ја преземаат одговорноста за спроведување на…

0
Read More

Конкурс за фотографии „Не биди егоист, биди екоист“♻️

Иницијативата за заштита на животната средина „Екоизам“, од активното членство на „Младите Можат“, објавува конкурс за изложба и избор на најдобра фотографија. Изложбата на фотографиите ќе биде дел од настанот „Не биди егоист, биди екоист“ кој ќе се одржи на 14ти декември во просториите на СУГС „Орце Николов“.  Целта на овој настан е подигнување на свеста кај младите за зачувување на животната средина. Фотографиите треба да бидат на следниве теми: заштита на животната средина,   уништување и загадување на воздухот и…

0
Read More

[Повик за учесници] Тренинг Progress of changes во Полска

Дали сакаш да се запознаеш со алатките потребни за успешно управување на работа во тимови? Дали сакаш да научиш како соодветно да даваш поддршка во сите фази на процесот? Доколку одговорот на овие две прашања е да, тогаш побрзај и пријави се! Тренингот е 10 дневен настан на кој учество ќе земат по 3 учесници од Полска, Шпанија, С. Македонија, Романија, Италија, Грција, Словакија и Малта. Учесниците ќе бидат сместени во HOTEL DOBIESZKÓW – TRAINING AND RELAX CENTER во близина…

0
Read More

Company Shuttle во Johnson Matthey | Повик за студенти – учесници

Младите можат и ИАЕСТЕ Македонија започнуваат со организирање на првата активност од проектот „Чекор кон кариерата од твоите соништа“ кој партнерски го имплементираат. Првата активност наменета за сите студенти од техничките факултети е Company Shuttle.  Company Shuttle е интернационален проект, дел од програмата на неколку ИАЕСТЕ зејми низ светот. Тоа е проект организиран од студенти – за студенти, со главна цел да се воспостави контакт помеѓу студентите и компаниите. Ова претставува одлична можност за студентите да се запознаат со начинот…

0
Read More

Мотивациски викенд 6

6ти по ред, традиционален Мотивациски викенд – Викенд наменет за мотивација, инспирација, вмрежување, поттик и успех. 8ми и 9ти ноември, 2019та година беа двата дена наменети токму за овој настан, а салата Империјал во Македонската опера и балет повторно беше жариште каде повеќе од 150 млади имаа можност да го почувствуваат нерамномерниот, динамичен пулс на мотивацијата. Целта на Мотивациски викенд уште од неговата прва реализација е да ги мотивира младите да работат на себе, на приватен и професионален план, преку…

0
Read More

Media4You – Најголемата младинска размена покрај Романското крајбрежје

Во почетокот на овој месец се организираа 6 интензивни денови на презентации и дебати за промовирање на коректно користење на медиумите кај младите. Со задоволство можеме да нагласиме дека 66 учесници од 11 европски држави се собраа во Романија, Констанца во сабота, 27 октомври. Нивната цел беше да ги подобрат компетенциите за медиумска писменост на младите луѓе и да издадат предупредување за вестите што го окупираат Интернетот. Така да, за една недела учесниците од Грција, Турција, Словачка, Бугарија, Италија, Србија,…

0
Read More

Искуство на Симона во Младите можат

Граѓански активизам? Младински иницијативи? Лидерство? Стварно врска си немав за ниеден од поимиве. Почеток на 2014-та. Ми беше втор настан на кој волонтирам како дел од организациски тим. Се имавме пријавено со неколку другарки со цел да пробаме нешто ново. Се чувствувавме баш посебно со новата улога на „рецепција“ – односно одговорни за списокот за присутни! Имавме дури и акредитации! Колку кул! Претходно, на првиот настан на кој волонтирав (крај на 2013-та), имав шанса да се запознаам накратко со мноштво…

0
Read More

ИТНО – Повик за учесници на тренинг во Холандија

  Бидете дел од тренингот Иклузија и Квалитет во Европски солидарен корпус од 11 до 21 ноември 2019та во Бант,  Холандија. 30 млади од цела европа ќе учествуваат во тренингот за зголемување на квалитетот на активностите во рамки на програмата Европски солидарен корпус. Од нашата земја ќе учествуваат 2 учесника/учеснички. Целта на тренингот се: – Да се подготват младинските работници со алатки за справување со предизвици од новата ЕСК програма – Да се подготват младински работници со алатки за спроведување…

0
Read More

Повик за учесници за работилници за ментално здравје

Не е секогаш лесно да објасниме како се чувствуваме…Зарем не? Нашите емоции, чувства, погледот кон нештата, па дури и кон самите себеси… Тие постојано се менуваат. Како би опишал што значи да бидеш ти? Или што се случува во твојата глава? Што е ментално здравје? Што е потребно за да го негуваш твоето ментално здравје?Младите можат ти овозможува да учествуваш на дво-дневна работилница посветена на грижа и негување на твоето ментално здравје.„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските…

0
Read More

[Иницијативи] Младински лидерски иницијаитви

Проектот Младински лидерски иницијативи е во втората фаза на спроведување. На овогодинешното 4то издание на проектот поддржан од УСАИД, покрај стекнатата едукација преку неформално образование, 20тина млади формираа три тимови кои што во наредните три месеци треба да основаат свои иницијативи и да постигнат одредена цел Септемвриските подготовки поминаа одлично и тимовите од „Лидерски“ се подготвени за реализација на своите иницијативи! Во следниот период ќе ги следиме нив и нивните постигнувања. Тимовите ќе работат на 3 различни теми, но со…

0
Read More

Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.

Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Социјални мрежи
Последни проекти