Трета година по ред, една од редот на успешните приказни на Младите можат продолжува да се реализира. “Младински лидерски иницијативи” еден од најинспиративните проекти на Младите можат ќе се спроведе во периодот од декември 2017 до мај 2018 година.
Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе во Македонија да бидат свесни за својот лидерски потенцијал, да станат активни граѓани во својата заедница, да детектираат предизвици во истите и преку здружено делување да креираат акции за нивно решавање и подобрување на општеството.
Проектот е составен од две фази:
- 7-дневен Лидерски Камп
Интензивна и уникатна програма наменета за 20 млади луѓе на возраст од 17 до 22 години која ќе опфати индивидуални и групни сесии, лични и тимски вежби и предизвици, рефлексија и самоевалуација, како методи за развој на лидерски вештини.
- Спроведување на три младински иницијативи
Сите учесници за време на кампот ќе се поделат во три групи и ќе детектираат општествени предизвици кои лично ги засегаат. За време од три месеци (февруари, март, април) тимовите ќе треба да ги имплементираат иницијативите во насока на подобрување на општеството. За време на целиот процес на спроведување на иницијативите, тимовите ќе имаат поддршка од ментор. Токму со иницијативите новите идни лидери ќе имаат шанса да искусат како е да се работи во тим и уште побитно, директно да бидат дел од промената која иницијално сакале да ја постигнат.
Проектот ќе се реализира повторно во партнерство со Association SEED од Швајцарија и поддржан од Национален младински совет на Швајцарија, како дел од програмата Youth for Development.