„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Во текот на цела 2019та година Младите можат го реализира проектот YOU(th) CAN DO IT BETTER!  посветен на промовирање на важноста за грижа за менталното здравје помеѓу младите средношколци во градот Скопје. Преку овој проект ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици поврзани со менталното здравје на средношколците и ќе ги инспирираме младите, по што ќе се делува на адресирање и нивно надминување.

Целта на проектот YOU(th) CAN DO IT BETTER! е да им понуди на младите платформа за личен и професионален развој, себеспознавање, себереализација и станување на најдобрата верзија од себеси. Да им овозможи да станат способни и решителни млади луѓе кои се справуваат со секојдневните предизвици со кои животот не напаѓа, да се развијат во агенти на позитивни промени, односно да станат врснички едукатори кои гласно ќе зборуваат за важноста на негувањето на нашето ментално здравје.

Во рамките на овој проект, Младите можат има потреба од ангажирање на 5 анкетари за спроведување на теренско истражување во средните училишта во град Скопје.

Целта на истражувањето е преку теренски анкети да се идентификува разбирањето на поимот ментално здравје, но и потребите и предизвиците со кои средношколците се соочуваат поврзани со грижата за нивното ментално здравје. Добиените резултати од истражувањето, односно идентификуваните потреби и предизвици ќе послужат за планирање и имплементација на програма за врсничка едукација за ментално здравје која ќе се спроведува во средните училишта во Скопје.

Анкетарите се очекува да ги спроведат во текот на месец мај 2019та година. Нивниот ангажман би траел еден месец и за истиот е предвиден паричен надоместок.

Ангажманот на анкетарот предвидува:

  • Присуство на еднодневна обука за спроведување анкети
  • Спроведување на планираниот број теренски анкети на конкретните локации во предвидениот временски рок
  • Редовна комуникација со проектниот координатор
  • Внесување на анкетните прашалници во електронски формулар
  • Поднесување на финален извештај за теренската работа

Потребни квалификации:

  • Високо развиени аналитички вештини;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање, менаџирање на време и имплементација на активности од зачеток до финално известување
  • Претходно искуство во спроведување на анкети
  • Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проектот)

 

Начин на аплицирање: Со пополнување на апликацискиот формулар достапен на овој линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSffUgtGvxdCBO48htn9qxXW0haI3K1cA-bs4WIlsPrZFb4mmg/viewform

Рок на аплицирање: 21ви април 2019г, 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected] или на 078 31 39 31.

*Проектот YOU(th) CAN DO IT BETTER! е имплементиран од Здружение на граѓани Младите можат, со поддршка од најголемата германска фондација за млади Schuler Helfen Leben.