Младите можат во партнерство со Супортко Кочани започнуваат со имплементација на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ поддржан од Цивика Мобилитас, чија цел е да се развие и институционализира национален модел за младинско управување со кризи, заснован на партнерство меѓу младинските центри, граѓанскиот сектор и релевантните институции. Проектот започнува во јануари, 2026година и подразбира креирање на Национален протокол за управување со кризни ситуации за млади, кој ќе биде изработен врз основа на резултатите од национално истражување за состојбата, потребите и капацитетите на младинските центри, граѓанските организации и институциите за дејствување во кризни ситуации (пожари, земјотреси, поплави, епидемии) во Скопје, Кочани, Гостивар, Струмица и Битола.
За потребите на првата активност од проектот, „Анализа и истражување на моменталната состојба со младинските центри и граѓанскиот сектор“, отвараме повик за надворешен соработник-истражувач.
Се очекува истражувачот да започне со работа на 06.02.2026 година, а целиот ангажман е предвиден со времетраење од два месеци.
Планирани исходи и продукти од спроведувањето на активноста:
Потребни квалификации:
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:
на електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за истражувач
Рок на аплицирање: 04.02.2026
Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]
