1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува јавен повик за ангажирање на обучувач/и за реализација на работилница за време на Кампот за кариерен развој кој ќе се одржи од 02.05.2025 до 05.05.2025 во Крушево. Кампот се реализира во рамки на проектот “All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Кампот е наменет за средношколци од прва до четврта година средно гимназиско и стручно образование.

Работилниците на кампот се поделени во три дела. Првиот дел е за личен развој, вториот дел е за започнување на свој бизнис и третиот дел е за идни трендови на пазарот на трудот.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик тренерот/е треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на концепт за работилницата;
  • Спроведување на работилницата за време на кампот;
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати
  • Тренерот/тимот на тренери треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во држење на обуки и работилници;
  • Искуство во креирање на концепти за работилница;
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за средношколци;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на тренерот

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за обучувач/и за реализација на работилници во рамки на кампот за кариерен развој. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 20.04.2025г., 23:59.