Дали сакаш да ги поминеш топлите летни денови во добро друштво, надоградувајќи ги своите вештини?
Доколку си на возраст од 16 – 19 години тогаш токму ова е повикот за тебе!

Младите можат во партнерство со организацијата SAME те праќаат на незаборавен летен камп во Призрен, Косово од 19.08.2024 – 25.08.2024.

Со приклучување кон овој летен камп, стануваш дел од проект насочен кон личен развој, кој ќе се одвива во три фази. Ова патување започнува со еднонеделен летен камп во Косово на кој ќе учествуваат голем број на млади ентузијасти од повеќе држави. 

Заедно со други млади луѓе од цела Европа, ќе имаш можност да размениш идеи за солидарност и младински активизам. 

Вашата авантура ќе започне со Летен камп во Косово. Потоа ќе спроведете индивидуален проект во вашата локална заедница, поддржувајќи го Social Day вонашата држава. На крајот, ќе се сретнете уште еднаш (онлајн) за да размислувате и споделувате искуства и најдобри практики. 

По завршувањето на кампот, во втората фаза од проектот, учесниците ќе реализираат проекти за индивидуално учество поврзани со проектот Social Day, кој во нашата држава е спроведен од страна на ЗГ Младите можат веќе четири години

Четири месеци по кампот (во декември), учесниците ќе се соберат на финален настан (онлајн) за да го анализираат и оценат своето искуство.

Повеќе информации може да причиташ на следниот линк

Доколку си заинтересиран/а за лето исполнето со дружба и многу нови знаења, кликни на следниот линк и пополни го нашиот Формулар за учество на летен камп и очекувај повик од нашиот тим!