- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на надворешен соработник – истражувач/истражувачка компанија/организација за потребите на активноста Младински локални банки од проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија.
Целта на истражувањето „Истражување за потребите и предизвиците со кои младите луѓе на локално ниво се соочуваат” е преку теренски анкети и фокус групи да се идентификуваат потребите и предизвиците кои младите луѓе ги имаат во две општини на територијата на Р. С. Македонија,, претходно таргетирани од страна на Младите можат. Добиените резултати од истражувањето, односно идентификуваните потреби и предизвици ќе послужат за планирање и имплементација на локални младински иницијативи поддржани од општините и Младите можат.
Истражувачот се очекува да почне со работа од 10 ти февруари 2023 г. а целиот ангажман е во периодот до 31ви март 2023 г.
- Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик истражувачот/истражувачката компанија треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Изработка на методологија за истражување во трите таргетирани општини на проектот
- Подготовка на прашалник за теренски анкети
- Подготовка на прашалник за фокус групи
- Подготовка на насоки за анкетари при реализација на теренските анкети
- Статистичка анализа и подготовка на заклучоци од добиените податоци од теренските анкети
- Статистичка анализа и подготовка на заклучоци од добиените податоци од фокус групите
- Сумирање на добиените резултати и заклучоци во форма на публикација
- Подготовка и доставување на финален извештај за завршената работа со проектниот тим
- Потребни квалификации
- Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во спроведување на истражувања и анализи на податоци;
- Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проекти);
- Високо развиени аналитички вештини;
- Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на експертот или компанијата/организацијата;
- Предлог методологија за работа;
- Финансиска понуда.
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за истражувач. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 16ти февруари 2023г., 15:00ч.
Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]