„Активно граѓанство, солидарност, волонтирање, кариерен развој, општествена одговорност, младински фонд, поддршка, соработка, одржливост. Уникатен концепт, добро познат на глобално ниво, моќна алатка за солидарност и општествена одговорност, кој на 10ти ноември 2021г. за прв пат ги обедини младите и возрасните во нашата земја.
Ден кога 80 средношколци од Северна Македонија стекнаа искуство за работата која отсекогаш ја посакувале, а истовремено се ангажираа во заедницата за да им овозможат на своите врсници подобра положба во земјата.
Ден кога 30 општествено одговорни домашни компании и организации обезбедија работни позиции за младите и донираа време, знаење и финансиски средства за доброто на младите. 95,000 денари изнесува младинскиот фонд креиран преку соработка на младите и возрасните, кој во наредните месеци ќе придонесе за спроведување на младински проекти.“
Токму ова се главните резултати од првиот SOCIAL DAY во Северна Македонија, спроведен од Здружение на граѓани Младите можат на 10ти ноември 2021г. На овој ден 30тина домашни компании и организации земаа учество и обезбедија позиции за над 80 средношколци, меѓу кои: Центар за Младински Активизам Крик, Ултра, Фондација Фридрих Еберт, кафуле СКУП, Македонски центар за меѓународна соработка, Кодит Солушн, Приватна агенција ДЕКРА , ИТ Лабс, Фондација Конрад Аденауер, козметичко студио Тропик Белеца, ЛЕАД Скопје, Бизнис академија Смилевски, ЕУРОНИКЛ – Кавадарци, ПЗУ Аптека ДНА АННИ ФАРМ, Национален Младински Совет на Македонија, РЕСОРТ МАВРОВО, Ултранет, Микел, Тинекс маркети, Рудник Бучим Радовиш