Колку пати си наишол на проблем кој те засега и не си преземал ништо? Колку пати си помислил дека ТИ не можеш да го промениш општеството?
Секој од нас може да направи разлика меѓутоа само заедно можеме да направиме промена.
Младите можат цели кон развивање на потенцијалот кај младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно или здружено влијаат и учествуваат во позитивните промени и развојот во општеството. Како здружение кое основата на својата работа ја темели на активности од млади за млади, важно е младите кои се дел од нашата организација да го искусат истото, но при тоа да знаат дека стекнуваат вештини, искуства и знаења како членови во ММ. Тоа го постигнуваме успешно последните 4 години со членството во Скопје, а последната година овозможено од новиот начин на функционирање од пандемијата имаме активни членови на онлајн програми од градови од секој град во нашата држава. Но, со нашите ментори од Битола и Охрид, оваа година одлучивме да креираме програма која директно ќе делува локално и ќе им овозможи услови на младите од овие градови да направат позитивни промени во нивната заедница.
Што претставува ММ за нашите членови?
Членови во програмата за волонтирање и активизам се младите кои имаат мотивација да креираат позитивни промени во општеството, да го промовираат младинскиот активизам и волонтерството како главна алатка за личен и професионален развој, да ги развијат своите вештини и да ги остваарт своите капацитети за лидерство во заедницата. Младите активни во оваа програма активно се вклучуваат и во останатите активности на Младите можат кога има потреба од дополнителен волонтерски ангажман.
Фази кои ќе ги поминат младите кои ќе се приклучат :
I фаза: 3 модули обуки спроведени од искусни тренери потребни за развој на личните вештини
Секој учесник на проектот задолжително е да ги помине трите модули обуки на тема:
Модул 1: „Волонтерство, начини на влијаење во заедницата“
Битола: 15.11.2021
Охрид: 18.11.2021
Модул 2: „Планирање иницијатива“
Битола: 16.11.2021
Охрид: 19.11.2021
Модул 3: „Tимска работа и лидерство“
Битола: 17.11.2021
Охрид: 20.11.2021
II фаза: Реализација на младински иницијативи.
За време на обуките учесниците ќе детектираат предизвици на кои сакаат да работат по завршување на првата фаза. При реализација на иницијативите младите ќе имаат можност преку тимска работа да влијаат на подобрување на заедницата. За реализирање на иницијативата учесниците ќе добијат подршка од Младите Можат како и ментори кои ќе ги водат низ целиот процес.
Реализацијата на иницијативите е од декември 2021 до март 2022.
Доколку си на возраст од 15-23 години и имаш желба да направиш промена во општеството, ова е твојата шанса!
Предност во селекција на учесниците ќе имаат младите кои:
- Немале шанса да учествуваат во слични активности
- Се мотивирани да направат промена
- Активно ќе учествуваат во целиот проект
Рокот за аплицирање истекува на 11.11.2021 во 23:59.
За дополнителни информации обратете се на : [email protected] или на 078 449 042
Проектот е дел од „Are you(th) IN?” реализиран од страна на Младите Можат а подржан од Schüler Helfen Leben.